1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Зимата го кочи полетот на германската економија

Раното доаѓање на зимата го закочи полетот на германското стопанство на крајот на 2010-та. Увозот на автомобили во Кина се зголемил речиси двојно. Еквадорски суд го осуди концернот „Шеврон“ на казна од 8 милијарди долари

default

Раното доаѓање на зимата го закочи полетот на германското стопанство на крајот на 2010 година. Во четвртиот квартал од минатата година, брутодомашниот производ бил повисок за 0,4% во однос на претходниот квартал, соопшти денеска Сојузниот завод за статистика. Сепак, и покрај заслабувањето на крајот на годината, трендот останува позитивен - во сите квартали на 2010 година, економскиот учинок е значително повисок во споредба со кризната 2009 година. Економскиот пораст во 2010-та изнесува 3,6 проценти. Тоа во превод значи дека Германија со рекордно темпо се извлекла од кризата - во 2009 година економскиот учинок падна за 4,7 проценти. Експертите за годинава предвидуваат реален пораст од околу 2,5 проценти.

Јенс Вајдман ќе биде нов шеф на Бундесбанката?

Германската канцеларка Ангела Меркел, според весникот „Билд“ се решила нејзиниот економски советник Јенс Вајдман да го постави на чело на Бундесбанката. Според информации на весникот, владата за ова прашање треба да одлучува утре (16.02). Во делови на владејачката коалиција се‘ уште има задршки во однос на вакво директно преместување, поради тоа што би можела да се засени политичката независност на Централната банка.

Бум на кинескиот пазар на автомобили

Увозот на автомобили во Кина, во текот на изминатата година, се зголемил речиси двојно и изнесува 813.600 увезени возила. Кај купувачите, според извештај на Здружението на кинески автопроизводители, се омилени пред се‘ автомобилите од Јапонија и Германија.

Тешка пресуда против „Шеврон“

Суд во Еквадор го осуди нафтениот концерн „Шеврон“ на казна тешка 8 милијарди долари поради загадување на животната средина. „Шеврон“ најави жалба. Жители во еквадорскиот дел од амазонскиот регион поднесоа тужба поради тоа што, според нив, концернот „Тексако“ загадил големи површини од дождовните шуми до 70-тите и 80-тите години од минатиот век. „Тексако“ беше преземен од страна на „Шеврон“ во 2001 година.

Автор: Хенрик Беме / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска