1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Зимата беснее во Европа

Замрзнатиот дожд во југозападна Германија ги претвори улиците во лизгалишта. Пешаците седат дома, автомобилите останаа паркирани, стотици летови се откажани. Зимата ја држи цела Европа во свои канџи!

Во големи делови на Европа поради замрзнатиот дожд и снегот кој не престанува да паѓа има опасност од лизгање. На аеродромите во Германија, Велика Британија и Франција во текот на викендов (19/20.01) се откажани стотици летови. Само на аеродромот во Франкфурт денеска се откажани 130 летови. Париските аеродроми откажаа 40 проценти од летовите, а на Хитроу, најголемиот аеродром во Лондон, се анулирани стотици летови. Илјадници патници се принудени ноќта да ја минат во аеродромската зграда.

Доцнење има и во железничкиот сообраќај во Германија и Франција, поради тоа што возовите мораат да возат полека. Во Северна Ирска некои домаќинства дури немаат и струја.

Schneechaos auf europäischen Flughäfen (hier : Österreich)

Откажани се стотици летови

Есктремните временски услови се причина и за повеќе смртни случаи. На лизгавите француски улици загинаа шест лица, меѓу нив и тројца војници кои биле на пат за мисијата во Мали. Во шкотските планини четворица планинари загинаа од лавина, една жена е тешко повредена, а еден маж помина со полесни повреди.

И во шпанска Картагена вчера во бура загинале двајца мажи, додека во Галиција се поплавени повеќе улици и има откорнати дрвја. Во Португалија 85-годишен маж поради силата на ветрот летнал низ портата од неговата куќа и починал од повреди на черепот. Службата за цивилна заштита има регистрирано и голем број одрони на земјиште, поплави и прекини на електричната енергија.