1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Земјотрес – реакции во Германија

Втор ден по земјотресот кај Суматра и огромниот воден бран, се уште не можат да се согледаат вистинските размери на кататсрофата во Азија. Бројот на жртвите расте постојано и засега се проценува на околу 15 илјади.

Расчистување во Пукет

Расчистување во Пукет

Обединетите нации ветија пари и неопходни мерки, меѓу нив лекови, санитетски помагала, шатори и хеликоптери за да се извлечат луѓето од поплавените подрачја. Според првите проценки на Меѓународниот црвен крст во наредните месеци ќе бидат неопходни донации од најмалку 4,9 милиони евра за да се гарантира непречена помош. Германската влада уште вчера за погодените подрачја стави на располагање милион евра. Десет германски хуманитарни организации членки на “Акцијата – Германија помага" соопштија дека веќе се започнати првите итни мерки за помош. Синоќа од аеродромот во Диселдорф заминаа првите единици за помош од организацијата Хумедика чиј преставник Волфганг Грос вели:

“Секако, медицинската инфраструктура во таква ситуација е колабирана. Ние можеме да ги преземеме задачите на домашните лекари. Подговтвени сме и за настинки или грипови, но и за маларија и бронхијални болести што се појавуват во вакави катастрофи“.

На германското министерство за надворешни работи и натаму не му е познато дали меѓу жртвите на поплавата предизвикана од земјотресот има и Германци. Претпладнето претставник на министерството изјави дека нема нови информации. Според информациите од туристичките организации во времето на несреќата во регионот се наоѓале повеќе илјади германски туристи. Германскиот претседател Хорст Келер, канцеларот Герхард Шредер и министерот Јошка Фишер на лидерите на погодените земји им изразија сочуство.