1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Земјотрес во Јапонија

Најмалку едно лице загина, а повеќе од 150 се повредени во силниот земјотрес кој утринава го погоди островот Хоншу во Јапонија. Според информациите потресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала. Властите објавија опасност од цунами бранови за полуостровот Ното кои би можеле да достигнат висина до половина метар. Агенциите јавуваат за најмалку 20 урнати објекти во градот Ваџима. Епицентарот на земјотресот е на 300 километри северозападно од Токио.