1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Земјотрес во Мексико - три жртви

Силен земјотрес го погоди синоќа западниот дел на Мексико. Во земјотресот има најмалку три жртви.

default

Најмалку три лица загинаа при земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала што минатата ноќ (10/11.12) го погоди западниот дел на Мексико.

Како што соопшти Американскиот геолошки институт, епицентарот на потресот бил 65 километри под површината на Земјата, на 35 километри јужно од градот Телолапан, кој се наоѓа меѓу Мекиско Сити и популарното летувалиште Акапулко.

Како што јавија мексиканскиоте медиуми, едно 18-годишно момче загинало кога при земјотресот се урнал покривот на неговата куќа во местото Игала, а друг 25-годишен маж го загубил животот на автопатот Мексико Сити - Акапулко, кога врз возилото со кое патувал се урнала карпа. Третата жртва била регистрирана во градот Икатеопан.

Засега нема информации за повредени или за поголема материјална штета.

Потресот со нешто послаб интензитет бил почуствуван и во Мексико Сити, каде во многу делови од градот дошло до прекин на електричната енергија, а жителите во паника ги напуштале своите домови.

Во 1985 години Мексико Сити го погоди силен земјотрес, во кој загинаа илјадници лица, а цели делови на градот беа срамнети со земја.

Автор: БГ/миа

Редактор: ЕМФ