1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Земјотрес во Кина

Најмалку две лица загинаа, а околу сто се повредени во земјотресот кој денеска (24.06) погоди планински дел во југозападна Кина.

Американскиот институт за геолошки истражувања соопшти дека епицентарот на земјотресот, кој бил со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, бил на границата меѓу провинциите Сечуан и Јунан, на длабочина од 9,3 километри. Кинеските власти соопштија дека интензитетот на земјотресот изнесувал 5,7 степени. Кинеската новинска агенција Ксинхуа јави дека од земјотресот има оштетени и делумно разуранти куќи, а прекин има и на дел од комуникациските врски.

Провинцијата Сечуан во мај 2008 година ја погоди најразорниот земјотрес во Кина во изминатите неколку години, кога во потресот со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала загинаа или исчезнаа околу 90 илјади лица.