1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Земјотрес во Иран

Најмалку 50 лица ги загубија животите а над 850 се повредени во серијата земјотреси кои утрината го погодија западниот дел од Иран. Се јавува за големи штети во регионот кој граѓаните во страв од нови потреси го напуштаат

default

Локалните власти од регионот Лорестан повикуваат на помош од соседството за справување со последиците од природната катстарофа чија магнитуда според информациите изнесувала 6 степени според рихтеровата скала. Болниците во регионот се претесни за да ги примат стотиците повредени чија бројка од час на час се зголемува. Агенциите јавуваат за голем број урнати куќи на теренот. Раководителот на комитетот за справување со катастрофи Али Барани соопшти дека 330 села во регионот претрпеле штети помеѓу 30 и 100%.

Властите очекуваат бројката загинати да расте, но не многу повеќе од досега регистрираните со оглед на фактот дека најголем дел од жителите ги напуштиле своите домови по првиот потрес кој бил со послаб интензитет.

Дел од регионот целосно е отсечен од електричната и гасоводната мрежа. Се јавува и за оштетувања на нафтените инсталации, но засега нема официјална потврда за колкави оштетувања станува збор. Голем дел од населението во страв од нови потреси ги напушија своите домови. Инаку во Иран постојано се случуваат земјотреси. Најголемиот во последните децении се случи во 2003 година во градот Бам во југоисточниот дел од земјата во кој животот го загубија 26.000 луѓе.