1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Земјотресот во Азија одзеде над 1000 животи

Околу илјада жители на индонеѕискиот полуостров Нијас загинаа во земјотресот со јачина од 8, 7 степени според Рихтеровата скала што вчера го потресе северниот дел на Суматра. Се страхува дека потресот, што предиѕвика голема паника и страв од нови цунами бранови во тој регион, однел околу 2000 жртви.

Епицентарот на земјотресот бил во морето близу Суматра

Епицентарот на земјотресот бил во морето близу Суматра

Бранови високи три метри предивикаа сериозни раѕрушувања на индонезискиот остров Симелеу, непосредно по земјотресот што вчера го потресе остовор Суматра.

Опсерваторијата во Хонк Конг соопшти дека уште еден земјоттес, со јачина од 5,7 степени рано утрото го погодил островот. Истовреме, индонезискиот претседател Јусуф Кала изјави оти се страхува оти конечниот биланс на жртвите ќе ја надмине бројката од околу 2000, затоа што многу луѓе се уште се наоѓаат под урнатините. На островот Нијас, каде бројот на жртвите е најголем, уништени се и околу 70 проценти од куќите и зградите во трговската област. Цунами брановите на Симелеу ги изненадија метеоролозите, бидејќи тие претходно објавија дека предупредувањата од цунами, кои вчера попладне беа објавени во Шри Ланка, Индија и Малезија, денеска не важат бидејќи нема никакви знаци дека силниот земјотрес во Индонезија повторно би предизвикал големи бранови во тој дел на Азија.

По декемвриските цунами, вчерашниот потрес ги испаничи луѓето, но метеоролошките служби од Шри Ланка потоа соопштија дека жителите на крајбрежните подрачја можат да се вратат во своите домови. Илјадници луѓе од азискиот брег, вчера, веднаш по предупредувањето, избегаа неколку километри во внатрешноста на земјата.

,, Слушнавме од вестите дека се случил голем земјотрес во индинезиското соседтво и дека треба да бидеме претпазливи. Но никој немаше страв,, изјави еден човек од областа Мадрас.

Земјотресот ги исплаши, но не ги испаничи жителите на Никобарските остови, каде декемвриските цунами одзедоа 7000 животи,. Директорот за информации на групата острови, Кулдеп Гангер изјави:

,, Ситуацијата овде е сосема нормална. Доцна вечерта можеа да се почувствуваат потреси, но нема цунами. Нормалниот живот продолжува, нема никакви штети.“

Министерот за надворешни работи на Шри Ланка, Лакашман Кадиргамар, посочи дека влчастите ги преземале сите мерки на претпазливост.

,, Армијата, маринците, полицијата и другоите служби беа иѕвестени. Луѓето исто така, итно беа информирани преку радиото и телевизијата, колку што можат побргу, да се оддачлечат од крајбрежјето,, рече Кардигамар.

Локалното население во Азија , соопштија надлежните служби, треба уште неколку часа внимателно да ја следи ситуацијата. Во земјотресот што на 26 декември минатата година ја погоди истата област и предизвика огромни цунами бранови, загинаа околу 300 илјади луѓе. Сеизмолозите тврдат дека поради големиот геолошки стрес, можен е уште еден земјотрес во тој крај.