Земјоделските производи во светот ќе поскапуваат | Економија | DW | 06.06.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Земјоделските производи во светот ќе поскапуваат

Се‘ помалку плодни површини, поскапо производство и поголеми проблеми со климата - тоа се факторите што предизвикуваат се‘ побавен раст на земјоделското производство. Тоа пак има влијание на цените!

Цените на земјоделските производи ќе растат и натаму, проценуваат Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Светската организација за храна (ФАО) во своите проценки за земјоделството за периодот 2013-2022 година.

Ако во измината деценија сточарството и земјоделството забележаа пораст од 2,1%, во наредната деценија порастот ќе се намали на 1,5% годишно. Причината за намален пораст се зголемените трошоци на производство, недоволните плодни површини и проблемите со климата. Цените на месото, рибата и био-горивата, според ОЕЦД и ФАО, ќе се зголемуваат повеќе од цените примарните земјоделски производи.

Сепак, според проценката на експертите, не би требало да се појави проблем со недостиг на храна. Производството ќе одговори на потрошувачката, но периодите кога запира производството, лабилните цени и пречки во снабдувањето, можат краткорочно да влијаат многу врз порастот на цените: „Суша на големи површини, како во 2012 година, може да ги зголеми цените за 15 до 40 проценти“, предупредуваат експертите.