1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Земјите во подем - стабилизатори во кризата

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) значително ја подобри глобалната конјунктурна прогноза за 2008-ма година, откако побарувачката во досегашниот тек на годинава испадна подобра од очекуваната.

default

Зградата на ММФ во Вашингтон

Стопанскиот раст во светот ќе изнесува 4,1 насто, 0,4 процентни поени повеќе отколку што беше предвидено со пролетната прогноза. За Германија Фондот предвидува раст од 2 процента на годишно ниво, што е за 0,6 поени повеќе отколку според априлската прогноза.

„Последиците од финансиските турбуленции се шират, но сепак побавно отколку што очекувавме“, вели главниот економист на ММФ Сајмон Џонсон. Побарувачката во индустриските и во земјите во подем се покажа поотпорна на шокот од растечките цени на суровините и турбуленциите на финансиските пазари, како што се покажа во првиот квартал од годинава.

Земјите во подем дејствуваат како стабилизатор во кризата и се развија во мотор на светската економија, амортизирајќи го намалениот раст во други делови од светската економија, оценува и Јерг Асмусен, државен секретар во германското министерство за финансии.