1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Земјите во забрзан подем го забавуваат темпото

ММФ шести пат по ред ја намалува прогнозата за порастот на светската економија. Тоа собено се однесува на земјите во забрзан подем, како Кина, Индија и Русија, но и САД како водечка еконмска сила во светот.

Поради послабата конјуктура во земјите во забрзан подем, како и несигурноста околу финансиската и буџетска политика на САД, Меѓународниот монетарен фонд ја намали прогнозата за светскиот економски развој. Во прогнозата објавена во Вашингтон денеска (08.10), се оценува дека состојбата во светската економија би можела да се влоши. ММФ за годинава очекува пораст од 2,9%, што е за 0,3% помалку од она што го прогнозираше во јули. И додека индустриските држави повторно добиваат на економска сила, ММФ сега има главоболки со земјите во забрзан подем, кои некогаш беа локомотива на развојот. Според главниот економ во ММФ Оливие Бланшар, „порастот во земјите во забрзан подем се намалува понекогаш многу повеќе отколку што се предвидуваше“.

Улогата на САД е парадоксална. Од една страна, најголемата економија во светот со пораст од 1,6% годинава и предвидени 2,6% догодина, претставува најважен мотор на глобалната конјуктура. Но од друга страна, од САД произлегуваат и големи ризици. Затоа ММФ од американската централна банка бара „внимателно“ спроведување на пресвртот во монетарната политика. Освен тоа, светот е во исчекување на решавање на проблемот во САД околу буџетот. Доколку не се подигне горната граница на задолжување, САД за неколку дена (рокот е 17 октомври) ќе станат несолвентни.

Ризик претставува и еврозоната, но ММФ констатира дека сепак се забележува мало подобрување на состојбите. Рецесијата годинава ќе ја погоди еврозоната нешто помалку отколку претходната година. ММФ за 2013 година очекува намалување на порастот во 17-те евро-држави за 0,4%, што е 0,1% помалку во споредба со очекувањата во јули. Наредната година економијата во еврозоната треба повторно да забележи пораст, но само од 1%. Германија во 2013 година треба да има пораст од 0,5%, додека за 2014 година се прогнозира пораст од 1,4%.