1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Земјата под вода

Поплавите и натаму се закануваат на главниот град на Тајланд, Бангкок. Се’ уште не може да се согледа колку 12 милионската метропола ќе биде погодена од поплавите.

default

Поплави во Тајланд

Нивото на реката Чао Праја и натаму се покачува. Насипите покрај реката се’ уште го издржуваат притисокот, меѓутоа водените маси веќе поплавија многу канали. На западната страна на реката, најблиските населби се под вода. На источниот брег исто така се покачува нивото на водата. Таму меѓу другото се наоѓа и старата кралска палата, која исто така може да биде поплавена. Старата кралска палата, една од најпознатите туристички локации во градот меѓутоа и денеска беше отворена за посетителите. Големи поплави во центарот на тајландската метропола засега изостанаа.

Владата оптимист

Премиерката Јинглик Шинаватра во неделното радио и телевизиско обраќање изрази благ оптимизам, дека центарот на Бангкок ќе остане поштеден од катастрофата. Доколку успее планот водените маси навреме да бидат испумпани во правец на морето, поплавите ќе бидат умерени.

Überschwemmung Thailand Bangkok

Поплави во Тајланд

Состојбата во поплавените региони северно од главниот град, според Шинаватра, полека се нормализира, а водата се повлекува. Со тоа се намалил и притисокот врз насипите во Бангкок.

Побарана помош од САД

Во борбата со поплавите тајландските власти побараа помош од американската војска. СиЕнЕн објави дека воен брод на САД, кој се наоѓа пред брегот на Тајланд, засега ќе остане таму стациониран. Хиликоптерите кои се наоѓаат на него би можеле да помогнат да се надгледуваат кризните региони.

Тајланд ги доживува најголемите поплави во последните децении. Погодена е речиси една третина од земјата. Досега животот го загубија скоро 400 лица, а околу девет милиони луѓе останаа без дом. Стотици илјади жители на Бангкок исто така се евакуирани поради поплавите.

Автор: АТ/ дпа/ афп/ дапд/ дв

Редактор: Борис Георгиевски