1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Земјата го доби 7 милијардитото бебе

Седум милијардитиот член на планетата се роди на Филипините

default

Камиле Галура со нејзината ќерка Даница Меј Камачо

Планетата Земја од утрово брои 7 милијарди жители. Филипините објавија дека женското бебе Даница Меј Камачо е седум-милијардитото бебе. Бебето тешко 2,5 килограми е родено нешто пред полноќ под блицевите на камерите.

Мајката Камиле Далура на медиумите им изјавила дека не може да верува оти со нејзиното бебе светот брои седум милијарди луѓе. Бебето е второ во семејството на Далура и нејзиниот партнер Флоранте Камачо. ОН испратија торта за бебето, а останати подароци стасуваат од локалните функционери, како стипендија за школување, како и финансиски пакет за родителите за да отворат продавница.

Сведок на раѓањето била и 12 годишната Лорице Мае Гуевара, која филипинците во 1999 година ја прогласија за 6 милијардитото бебе на светот, но тогашнот генералнен секретар на ОН, Кофи Анан се фотографираше со босанското бебе Аднан Мевиќ како официјалното 6 милијардито бебе.

Сегашниот генерален секретар на ОН, Бан Ки Мун нема да го посети бебето на Филипини. Тој изјави дека бебето ќе влезе во свет на контрадикции, посебно ако е родено од погрешната страна на линијата на сиромаштија.

Автор: Александар Методијев/ АФП

Редактор: Борис Георгиевски