1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Земјата во која болидите не се „секси“

Трката за Големата награда на Јужна Кореја е добар пример за тоа какви плодови може да даде политиката на експанзија на Берни Еклстон. Дали Формула 1 наредната година ќе се одржи во оваа земја е прашање.

„Овде нема ништо“, вели Себастијан Фетел и се насмевнува заминувајќи. Притоа, неговата забелешка не е со лоша намера. Тој ја сака патеката за трката за Големата награда на Северна Кореја. Но, на прашањето за слободни активности, не сака да одговори со лаги. „За жал, околу е малку здодевно“, вели светскиот првак во Формула 1, опишувајќи го главниот проблем на спортската манифестација, која утре наутро (06.10) по средноевропско време се одржува по четврти и можеби последен пат.

Големата награда на Јужна Кореја е пред „умирање“. Таа е добар пример за тоа какви плодови може да даде политиката на експандирање на промоторот на Формула 1, Берни Еклстон. Она што е важно се пред се‘ новите пазари, а не исплатливоста за организаторите на трката.

Formel 1 Südkorea Qualifying 2013 Sebastian Vettel jubelt

Себастијан Фетел годинава стартува од пол-позицијата

Од својата премиера во 2010 година трката економски е во минус, меѓу другото и поради тоа што граѓаните на Јужна Кореја речиси и не се интересираат за брзите болиди и Формула 1. Промоторот на трката Парк Вон Хва вели дека одвај се преживува. Освен тоа, инфраструктурата и организацијата на трката малку се променија од 2010-та, а и околината, иако имаше планови да биде поатрактивна, е речиси иста.

„Формула 1 се одржува на крајот на светот“ - со ваков наслов швајцарскиот весник Блик во 2010-тата го коментираше почетокот на трката за Големата награда на Јужна Кореја. Трката се одржува на 400 километри оддалеченост од Сеул, во регион во кој нема со што да се привлечат туристи. Освен тоа, гостите од светот се сместуваат во преноќевалишта кои вообичаено имаат други намени, како студентски хотели, кои во деновите на трката се пренаменуваат во „Формула 1 мотели“. Возачот на Форс Индија, Адријан Сутил, вели дека ако се биде искрен и „во Јапонија, околу Сузука не е поубаво“, но таму има традиција, има одушевување, има фанови на Формула 1. „Трката овде не го интересира никого“, вели Сутил.

Südkorea Gangnam Style Tanz

Дури ни Гангнам танцот со Псај минатата година не донесе поголема популарност

Календарот на трки за 2014-та година е полн, според дел од тимовите - преполн. Еклстон експандира и натаму, треба да се одржат рекордни 22 трки. Можно е трката во Јужна Кореја да биде прешкртана. Промоторот Парк вели дека шансите засега се 50:50. „Сакаме трката да остане“, вели Парк. Но, за тоа ќе треба да се водат дополнителни преговори. „Сакаме да го подобриме договорот и да преговараме со господин Еклстон“, нагласува Парк, кој има и идеја како трката да ја направи поартактивна: „Ноќна трка би била супер идеја. Патеката е далеку од населено место, значи не би имале проблеми со бучава“.