1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Земи, па врати-книги во улични библиотеки

Во неколку германски градови со години постојат јавни библиотеки по улиците, кои книгите ги нудат бесплатно. Понудата може лично да се збогати, без никаква процедура. Како изгледа ова модерна варијанта на библиотека?

default

„Минибиб“ во Келн

Недалеку од главната железничка станица во Бон, на алејата Попелсдорфер, се наоѓа јавен регал за книги, прв од таков вид во градот. Проектот кој овозможува нов начин на изнајмување книги без регистарција, го покрена Граѓанската фондација Бон.

Книгите од регалот кој е сместен во просторија слична на телефонска говорница, можат да ги користат сите, неограничено, во секое време и бесплатно. Книгите можат да се позајмат и вратат, да се заменат со некоја друга. Луѓето можат и самите да донесат свои книги кои веќе не ги користат, кои веќе не им се допаѓаат или едноставно зашто сакаат да направат место за нови. Сето тоа функционира целосно анономно и без никаква контрола.

Offene Bücherschränke Bonn Köln

Андре Шолц пред отворените регали со книги во Бон

Идеа на една студентка

Регалот за книги на алејата Попелсдорф е поставен во 2003 година. Идејата потекнува од една студентка по архитектура, Трикси Ројек од Мајнц. Со предлогот „Бук аутдор“, таа се пријави на конкурсот на Граѓанската фондација Бон која под слоганот „Граѓаните донираат за иднината“, бараше модерни идеи за збогатување на културниот и општествениот живот во Бон.

Трикси со години користеше слични библиотеки во Мајнц, поставени на иницијатива на двајца американски уметници, Клег и Гутман. Тие во текот на деведесеттите години слични шкафчиња со книги поставија на места во близина на паркот или шеталиштата. Заедно со граѓанската фондација, решено беше првото шкафче со бесплатни книги да биде поставено на алејата Попелсдорфер, познато и омилено шеталиште во Бон.

Offene Bücherschränke Bonn Köln

Александар Јанцен со книга во рацете пред шкафчето со книги во Бон

Постојано се носат нови книги

Речиси секој минувач застанува за момент. Пензионерот Александар Јанцен е еден од посетителите кои редовно доаѓаат. Шкафчето го видел на минување, бидејќи жена му работи во близина, а оттогаш редовно наминува. Некогаш за да земе книга, а некогаш за сам да донесе некоја своја од куќната библиотека.

„Мислам дека идејата е одлична. Вакви места ни се потребни. Наместо да се фрлаат книгите, треба да се носат овде“.

Досега во Бон се поставени неколку шкафчиња со бесплатни книги. Андре Шолц од Граѓанската фондација вели дека нема доволно место за голем број книги. Фондацијата се грижи за одржување и поправка на шкафчињата, но во принцип, нивните работи се изведуваат само на почетокот. Тие се задолжени за организацијата и финансирањето на проектите, а потоа јавните библиотеки им се препуштени на граѓаните.

Offene Bücherschränke Bonn Köln Flash-Galerie

Отворената библиотека во Бон

Книгите се премногу вредни за да се фрлаат

Учителката Анете Хофман живее блиску до шкафчето за книги и тука првиот пат донесла многу свои книги.

„Тоа е еден микс од сите видови книги, оние кои некогаш сум ги купила или добила на подарок, како и оние кои не сакам да ги задржам поради недостаток од простор“. Инаку, идејата и‘ се допаѓа, таа е голем љубител на книги и би и‘ било жал да ги фрли. Така мислат и други минувачи.

Андре Шолц вели дека според германскиот менталитет книгите не се фрлаат, зашто се премногу вредни:

„Инаку, според резултатите на истражувањето спроведено од студенти на Универзитетот во Бон, може да се заклучи дека жените се тие кои носат книги, а мажите пак ги земаат“.

Das Bücherbüdchen minibib im Stadtgarten in Köln

Минибиб- малата „зелена“ библиотека

Во градскиот парк во Келн не стои мало шкафче за книги, туку таму е поставена цела мала библиотека во зеленилото, се вика „Минибиб“, станува збор за иницијатива на градската библиотека. Во моментов таа располага со преку илјада книги од различни видови. Целта на проектот е да привлече што поголем број млади.

Изнајмувањето книги во „Минибиб“ функционира како и кај другите улични јавни библиотеки, не мора да се пријавите, ниту да го плаќате „изнајмувањето“. Сепак, „Минибиб“ не е отворена нон-стоп, овде постои работно време.

Можност за дружење и комуницирање

Offene Bücherschränke Bonn Köln Flash-Galerie

Минибиб во Келн

Исто така, може да се изнајми само една книга која мора да биде вратена во рок од две недели.

„ Луѓето кои ќе земат книга, секогаш ја враќаат. Некогаш ќе се случи да ја задржат повеќе од неколку недели, па потоа им е жал што го пречекориле рокот, но тоа не е страшно“, вели студентката Паулина која работи како една од петнаесетте помошници во „Минибиб“.

Во „Минибиб“ сепак нема да најдете постари книги, бидејќи еден од условите за примање на книгите е да не бидат постари од две години. Исто така, не доаѓа до размена на книги. Јавните витрини за книги сепак остануваат нешто посебно. Само кај нив постои можност за дружење и комуницирање меѓу луѓето, а понекогаш и за приближување. Никогаш не се знае!

Автор: Ернест Бекташевиќ/ Жана Ацеска

Редактор: Симе Недевски

Поврзана содржина