1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Зеленчук и овошје од неонацистички земјоделци?

Неонацисти како еколошки земјоделци - две спротиставености кои се чини во некои региони прераснуваат во проблем. Земјоделските сојузи се алармирани и сакаат да ги исклучат десноекстремните членови.

„Бројот на скандали со прхранбени производи во последните години драматично се зголеми. Причината за ова е се’ побескурпулозното однесување на луѓето кон животните како дел од природата“. Оваа реченица не потекнува од некоја еколошка организација, туку од „Основните начела на националдемократската политика“ на десно екстремната партија НПД.

Сплетот од десничарски идеи и заштита на природата не е нов. Експертите меѓутоа гледаат растечки тренд дека националистички групации преку теми за животната средина се отвораат за нови целни групи. Минатата година фондацијата Хајнрих Бел, која политички е блиска до Зелените, објави извештај под наслов „Кафени екологисти“. Симпатизанти на десничарската сцена, се вели во текстот стекнувле земјиште и имоти првенствено во економски запоставените региони како Мекленбург Предна Померанија и се обидувале да стекнат пристап до производствените и дистрибуциски мрежи на био-браншата.

Земјоделските здруженија се алармирани

„Тие се обидуваат да станат сосема нормален дел од општеството - што е опасно, бидејќи нивните гледишта се многу преѕирачки кон луѓето“, вели Гудрун Хајнрих, која на Универзитетот во Росток се занимава со десниот екстремизам и работеше на објавувањето на извештајот на фондацијата Хајнрих Бел.

Gregor Pöpsel Bundesgeschäftsführer Bioland

Грегор Пепзел

Грегор Пепзел, раководителот на „Биоланд“, едно од најголемите еколошки здруженија во Германија, критички гледа на ваквиот развој. „Мораме да преземеме превентивни мерки, бидејќи има одредени лица и групи, кои се претпоставуваат во биолошкото земјоделство и неговите начела, отколку што ни е драго“, изјави Пепзел за Дојче веле.

„Биоланд“, како и други здруженија, по обелоденувањето на извештаите во последната година преземаа мерки, за да ги држат подалеку од здружението десноекстеремните членови. „На нашата последна седница изминатата есен прецизиравме дека ’Биоланд’ може да им се спротивстави на расистички, противуставни и ксенофобични стремежи и однесувања кои се понижувачки за луѓето, и дека врз оваа основа можеме да исклучиме членови“.

Конкретно до сега никој не е исклучен. „Би било вообразено да се тврди, дека немаме членови со десничарски сфаќања, за тоа неможам да дадам изјава. Но доколку некој се однесува впечатливо, мора да можеме да реагираме, пред да ги извалка здружението и нашите вредности“.

Десни еколози во Третиот рајх

Поврзувањето на екологијата со десничарските идеи може да се најде уште кај националсоцијалистите, вели Нилс Франке историчар со тежиште за заштита на природата од Лајпциг. „Првиот општогермански закон за заштита на природата беше усвоен во 1935 година од владата на Хитлер. На идејата да се штити националното земјиште, луѓето реагираа и тоа имаше пропагандистички ефект“.

Денешните десни екстремисти сега се обидуваат, еколошките теми да ги искористат на сличен пропагандистички начин, вели Франке. „Тие велат едно, а мислат нешто друго. Тоа е еден вид тројански коњ“.

Десничарските идеи и мисли се застапени речиси во секоја професија. Ниту земјоделците, и оние кои се еколошки ориентирани, не се исклучок. Грегор Пепзел од „Биоланд“ не верува дека привлечната сила на еколошкото земјоделство е особено голема за десните екстремисти. Но, за како потрошувач стопостотно да бидете сигурни, како мисли оној кој ги насадил јаболката или салатата единствено може да се отиде докај земјоделците, - во селските маркети можеби и може да се слушне по некој политички разговор.