1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Зелено светло за Торнадата

Германскиот уставен суд денеска го одобри планот за испраќање на воени авиони од типот Торнадо во мисија на поддршка на силите на НАТО во Авганистан. Судот со седиште во Карлсруе го одби барањето на левицата за запирање на мисијата. Германскиот парламент претходно ја поддржа одлуката.