1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зелено светло за реформа на Уставот

Мнозинството граѓани на Турција се изјаснија за многу дискутираната реформа на Уставот. На референдумот немало поголеми инциденти. За пакетот уставни промени беа повикани да гласаат околу 50 милиони граѓани.

default

Референдум во Турција

Турците со значително мнозинство се изјаснија за реформа на Уставот. Според премиерот Реџеп Таип Ердоган, за вкупно 26 уставни амандмани гласале околу 58% од избирачите. Победник на референдумот е демократијата, изјави турскиот премиер во Истанбул.

Победник на референдумот е демократијата, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во Истанбул. „Успеавме во тоа правдата, демократијата и праведноста да стојат над се‘ првпат во турската историја“, рече Ердоган.

Volksabstimmung Türkei

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Според премиерот, одзивот на референдумот се движи меѓу 77 и 78 проценти. Според телевизијата СиЕнЕн Турк, одзивот изнесува 57,6 проценти. Конечните резултати се очекуваат денеска. Прогнозите велат дека противниците на уставната реформа живеат во некои провинции на крајниот запад на Турција, како и во одделни региони на Анадолија. Во курдскиот југоисток на Турција, одзивот на избирачите некаде изнесува дури и под 10%, поради тоа што курдската партија БДП повика на бојкот. Застапниците за реформи имаат шест милиони гласови повеќе од противниците, резултат што значи голем пораз за опозицијата во земјата. Политичкиот противник на Ердоган, новиот претседател на кемалистички ориентираната ЦХП, Кемал Киличдароглу побара од населението да каже „не“ за реформите, и со тоа да му даде опомена на Ердоган.

Türkei Volksabstimmung

Референдум во Турција

Реформата на Уставот опфаќа пред се‘ подобрување на голем број граѓански права, како поголема заштита на податоци, повеќе права за маргинализираните групи во општеството и поголемо право на штрајк. Освен тоа, турската армија губи и натаму на влијание. Генералите кои го направија пучот во земјата во 1980 година, а кои се се‘ уште живи, во иднина можат да се најдат пред суд, а се ограничуваат и овластувањата на воените судови. И трето, турскиот парламент добива поголемо влијание при изборот на судиите во највисокиот суд во земјата.

ЕУ ги поздрави резултатите од референдумот

Европската комисија ги поздрави резултатите од референдумот во Турција и ги нарече „чекор во вистинска насока“, со оглед на желбата на Турција да се приклучи кон ЕУ. Сепак, како што се нагласува, сега треба да се внимава изгласаните реформи и да се спроведуваат.

Поздравувајќи ги резултатите од референдумот, шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле изјави дека е можен прием на земјата во ЕУ. Турција треба да биде третирана фер и со почит, земја со нејзина важност, која се модернизира на очиглед на сите, не смее да биде игнорирана, смета тој. Вестервеле подвлече дека треба да се поздрави и дискусијата околку конкретната поделба на власта во Турција и балансот, зашто таа „сигурно се‘ уште не е завршена“.

Американскиот претседател Барак Обама синоќа телефонски разговарал со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан. Обама големата излезност на референдумот во својот НАТО-сојузник го оценил како знак за виталноста на турската демократија.

Автор: Штефен Вурцел/ дпа/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM