1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зелено светло за „Набуко“

Пет држави денеска (13.07.2009) во Анкара го потпишаа договорот за изградба на гасоводот „Набуко“, преку кој од 2014 година ќе се испорачува земен гас кон Европа.

default

Графика, каде треба да минува гасоводот

„Сведоци сме на историски чин“ рече турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан на маргините на церемонијата на потпишување на меѓувладиниот договор во турскиот главен град. Гасоводот има стратешко значење, бидејќи 3.300 километри долгите цевки не минуваат низ руска територија. На овој начин Европската унија сака да ја намали зависноста од Русија. „Набуко“ е „симбол за стратешките односи меѓу Турција и Европската унија“, рече претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.


Бугарскиот премиер во заминување, Сергеј Станишев, денеска по потпишувањето истакна „За неколку години ќе го комплетираме ’Набуко’ проектот, особено за бугарската влада и граѓаните кои имаа непријатни искуства за време на гасната криза во јануари, денешната церемонија на потпишувањето е силна охрабрувачка политичка и економска порака,“ изјави Станишев. Неговиот унгарски колега Гордон Бајнаи пак подвлече „Излезот од оваа криза за нашите земји не е во тоа да се затворат во себе, туку во изворедното ниво на соработка, координација и интеграција. Ова се клучни зборови за менаџирање на кризата,“ рече Бајнаи.

Се’уште не се утврдени лиферантите на гас

Internationales Treffen zum Nabucco Pipeline Projekt

Преговори за Набуко во јануари во Будимпешта

Изградабата на гасоводот треба да почне во 2011 година. Се’ уште не се знае точно кои земји околу Каспиското море ќе испорачуваат гас. Во очи денешното потпишување на договорот, некои земји веќе сигнализираа подготвеност за соработка. Според министерот за енергетика, Натик Алијев, Азербејџан има интерес за учество во проектот. Исто така и Туркменистан и Ирак се согласни да продаваат земен гас преку Турција во Европа.

BdT Russland Ukraine Gaslieferung

Дури и Иран сака да испорачува земјин гас. Но САД, во текот на викендот ги изразија своите задршки против ваквите планови. Поддршка за ваквата намера доаѓа од Турција. Доколку условите тоа го дозволат, тогаш е можно и Иран да лиферува земен гас, рече турскиот премиер Реџеп Таип Ередоан. Турција се надева дека со Набуко ќе има годишни приходи до 450 милиони евра од транзитни такси.

Преку гасоводот „Набуко“, кој според плановите треба да почне да работи во 2014 година, годишно ќе се транспортираат 31 милијарди кубни метри гас. Проектот, според проценките, ќе чини 7,9 милијарди евра. Шведското претседателство со ЕУ денеска го поздрави потпишувањето на договорот. Во соопштението објавено во Стокхолм се вели дека подобрената сигурност при испорака на енергија е стратешки важна за ЕУ. По ова прашање постои заеднички интерес меѓу Унијата и Турција

Автор: АТ/ЖА/дпа/ап/дв

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM