1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Зелено светло“ за ЕУЛЕКС од ОН

Советот за безбедност на ОН синоќа (26.11.2208) го одобри планот на генералниот секретар Бан Ки Мун за распоредување на мисијата на ЕУ- ЕУЛЕКС на Косово.

default

Цивилна мисија на ЕУ во Косово

Во едногласно усвоеното соопштение во Њујорк, Советот за безбедност на ОН ја одобри мисијата на ЕУ, која треба да ја помогне изградбата на правосудството и полицијата во Косово. Целта на ЕУЛЕКС е во Косово да биде создадена мултиетничка полиција, правосуден систем и управа и да биде спречено дискриминирање на српското малцинство. Европејците имаат широки екзекутивни права. Мисијата на ЕУ е ограничена на 28 месеци, но дипломатите сметаат дека таа ќе трае од три до пет години. Предвидено е мисијата да биде во тесна соработка со специјалниот пратеник на ЕУ во Приштина, Питер Фејт. Таа ќе брои 1800 европски полицајци и службеници од правосудството и царината. Германија во досега најважната цивилна мисија во историјата на ЕУ ќе учествува со 180 луѓе.

Kosovo UN-Polizist kontrolliert, Unabhängigkeit von Serbien

Досега во Косово беше присутна само мисијата на ОН

Белград е задоволен, Приштина има забелешки

Во извештајот на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун поднесен во Њујорк се вели дека тој ги зел во предвид позициите на Белград и на Приштина и ја поздравува нивната подготвеност да соработуваат со меѓународната заедница. Во неговиот план од шест точки е предвидено ЕУЛЕКС да има неутрален статус за независноста на Косово, а мисијата на ОН ќе ја задржи контролата врз полицијата, судот и царината во Северно Косово, каде Србите се мнозинство.

Во говорот кој претходеше на усвојувањето на извештајот и на планот, министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ го поздрави планот за реконфигурација на меѓународното цивилно присуство на Косово и ги повика властите во Приштина да не и‘ се спротивставуваат на меѓународната заедница.

„Клучниот услов Србија да ја прифати реконфигурацијата беше јасното преземање на обврските од страна на ЕУ, а потврдено од страна на Советот за безбедност на ОН, дека ЕУЛЕКС ќе биде статусно неутрална мисија и дека во целост ќе работи под покривителство на ОН и во согласност со Резолуцијата 1244.“

Соработка со ЕУЛЕКС

Министерот за надворешни работи на Косово Скендер Хисени пред Советот за безбедност повтори дека планот на генералниот секретар Бан Ки Мун од шест точки е неприфатлив за Косово. Тој беше единствениот, кој во текот на расправата се противеше на усвојувањето на извештајот и планот.

„Косово јасно стави на знаење дека го одбива овој план. Не можеме да дозволиме нешто што ќе ја доведе во прашање сувереноста и територијалниот интегритет на Република Косово, ние и понатаму стоиме зад планот на Марти Ахтисари“, изјави Хисени.

Институциите на Косово меѓутоа ќе соработуваат со ЕУЛЕКС и ќе го поддржат неговото распоредување на територијата на цело Косово, но врз основа на почитувањето на суверенитетот и неделливоста на целата република, подвлече Хисени.

Шефот на мисијата на ОН на Косово, Ламберто Занијер изнесе своја оценка за состојбата на теренот - и по десет години по судирите, Косово останува поделено општество, во кое Србите и Албанците живеат во паралелни светови.