1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зелено светло за визната либерализација

Шефовите на дипломатии на ЕУ дадоа согласност за безвизен режим од 2010 година за Македонија и другите земји од Западен Балкан, кои ги исполнуваат условите.

default

Министрите за надворешни работи на ЕУ, на состанокот во Луксембург, ја охрабрија Европската комисија да отпочне процес за укинување на визите со оние земји од Западен Балкан, кои ги исполнија условите за тоа, со цел со нив да се воспостави безвизен режим „идеално“ до крајот на годината, изјави на прес конференција, шефот на чешката дипломатија Јан Кохут, во својство на претседавач со Советот на Унијата.

Еврокомесарот за проширување Оли Рен ја поздрави одлуката на Советот на ЕУ, нагласувајќи дека ЕК ќе инсистира да ја донесе препораката за укинување на визниот режим пред летната пауза. „Ја поздравувам одлуката на Советот кој ја повика до Европската комисија да претстави, кога тоа ќе биде можно, предлог за промена на законодавството на Европската унија, со цел да се воведе безвизен режим, за сите земји кои ќе ги исполнат условите за внатрешна безбедност на ЕУ. Комисијата долго време беше посветена на патувањето без визи за луѓето од Западен Балкан. Знаеме колку е ова важно за нив, особено за младото население, да може да патува слободно и да се образува во ЕУ, без визни ограничувања. Ова е многу важен чекор напред и затоа Комисијата ќе предложи укинување на визите, пред летните одмори“, изјави Рен.

Според оценката на ЕК, Македонија ги има исполнето сите потребни услови за укинување на визниот режим. Визна либерализација од 2010 година се очекува да добијат и Србија и Црна Гора.

Автор: ТГ/ЕМФ/макфакс/миа

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM