1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Зелено светло за Бугарија и Романија

Бугарија и Романија ќе и пристапат на Европската Унија во јануари 2007-ма година . Меѓутоа ЕУ предупреди дека во некои подрчја сеуте постојат проблеми и се закани со казнени мерки .

Баросо во говорот за приемот на Бугарија и Романија во ЕУ

Баросо во говорот за приемот на Бугарија и Романија во ЕУ

Во борбата против корупцијата и реформите на правосудниот систем , неопходни се натамошни чекори и во Романија и во Бугарија – наведено е во извештајот на Европската Комисија . Целта цел сеуште не е остварена. Тоа особено се однесува на Бугарија , каде што организираниот криминал како и предхоно недоволно е гонет . Сеуште не е постигната целосна независност на правосудниот систем. Иако во однос на последниот извештај од мај годинава забележан е задоволувачки напреток, листата на недостатоци и натаму е долга- изјави Оли рен , еврокомесарот за проширување пред Европскиот парламент во Стразбур. И покрај се

претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Барозо ја истакна препораката :

„Двете земји , можат да ги преземат правата и обврските накако членки на ЕУ од 1 јануари 2007-ма .

Приемот на Бугарија и на Романија е историски чекор Петата рунда на проширување , која води кон повторно обединување на нашето европско семејство е завршена“

Европската Комисија во извештајот предупредува дека ќе ги активира заштитните клаузули од Договорите за пристапување на двете земји доколу се појават проблеми. Ќе биде воспоставен механизам за мониторинг со полугодишни извештаји- најави комесарот за проширување Оли Рен:

„ Механизмот и овозможува на Комисијата , да им помогне на државоте , ригорозно да продолжат со реформите и да се осигура нивното спроведување во праксата“

Во двете земји и во Бугарија и во Романија загриженост предизвикува недоволната интеграција на ромското малцинство во општетството . Трговијата со луѓе и лошото згрижување на децата сирачиња истотака се наоѓаат под критика . Овие области Европската Комисија и натаму ќе ги набљудува , но не се закани со конкретни санкции . Како позитивен чекор беше истакнато тоа што Бугарија до крајот на годината ќе ја стави во мирување небезбедната атомска централа Козлодуј.

Еврокомесарот за проширување Оли рен предупреди од тоа , приемот на Романија и Бугарија да биде вреднуван негативно . Двете земји направија огромни напори и тоа мора да биде признанено- истакна Рен

„Уверен сум дека Романија и Бугарија ќе ја збогатат Европската Унија , без притоа да го нарушат функционирањето на Унијата . Интересите на ЕУ и на нејзините граѓани , ќе можат да бидат зачувани а парите од нивните даноци заштитени“