1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Зелено светло за „Бед бенкс“

Германската влада даде зелено светло за предлог-закон за моделот „Бед бенкс“, преку кој се врши растоварување на билансите на германските банки од дубиозните, ризични хартии од вредност, тешки повеќе милијарди евра.

default

Германскиот кабинет го усвои предлогот на германскиот министер за финансии Пеер Штајнбрик, кој предвидува формирање посебни институции, т.н. „Бед бенкс“. Во нив, „нормалните“ финансиски институти можат да ги префрлат своите проблематични хартии од вредност, обезвреднети поради финансиската криза и со кои веќе не може да се тргува. За возврат, банките добиваат државно гарантирани обврзници, чија вредност не мора да ја внесуваат во нивните биланси, квартал по квартал. За таа цел тие треба да плаќаат одредени давачки и да учествуваат во загубите од хартиите од вредност.

Помало оптоварување за граѓаните

Министерот Штајнбрик својот претходен концепт за „Бед бенкс“ повторно го преработуваше, па сега содржи помало оптоварување за даночните обврзници, односно за граѓаните. За евентуалните загуби од продажбата на

Bundeskanzleramt

Седиштето на германската влада во Берлин

хартиите од вредност сега ќе сносат одговорност банките и нивните акционери преку скратувањето на дивидендите.

Волуменот на дубиозните хартии од вредност во билансите на банките се проценува на повеќе од 200 милијарди евра.

Со префрлувањето на ризичните хартии од вредност треба да бидат растоварени билансите на банките и со тоа и нивниот сопствен капитал. Владата се надева дека на тој начин банките повторно ќе бидат во можност да даваат повеќе кредити и така да овозможат поттик на економијата.

По давањето зелено светло за законскиот предлог за „Бед бенкс“, тој оди во процедура во Бундестагот и во Бундесратот.

За покраинските банки, пак, во следните недели треба да бидат разработени натамошни модели. Кабинетот, за таа цел, донесе рамковен план за проширен модел на „Бед бенкс“ кој ќе ги опфаќа и покраинските банки.

Автор: ЖА/АТ/дпа/ројтерс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска