1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Зелените со ново раководство

Партијата на Зелените има ново раководство. Двоецот на врвот сега го сочинуваат Симоне Петер и Џем Ездемир.

На партискиот конгрес на Зелените во Берлин, кој заврши денеска (20.10) за Симоне Петер гласаа 75,9 проценти од делегатите, додека Џем Ездемир доби 71,4 проценти гласови. Ездемир беше и досега на врвот на партијата, додека Петер доаѓа на местото на Клаудија Рот, која 11 години беше лидер на Зелените, а сега конкурира за потпретседателското место во Бундестагот.

На конгресот на партијата, освен тоа, со големо мнозинство е дадено зелено светло за нови стратешки насоки. Зелените, за повторно да дојдат на власт, во иднина не сакаат да се ограничуваат само на коалиции со социјалдемократите, туку стануваат отворени и за коалиција со партиите на Унијата (ЦДУ и ЦСУ) или за тројна коалиција со СПД и Партијата на левицата.

На партискиот конгрес се гласаше и за врвен кандидат на партијата за наредните избори за Европскиот парламент во 2014. година. Делегатите гласаа со големо мнозинство за 56-годишната Ребека Хармс. Освен тоа, делегатите на конгресот побараа и донесување национален закон за заштита на климата, кој треба да даде сигурност при планирањето на енергетскиот пресврт.