1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Зелените: Оставка на целото раководство

Како реакција на изборниот неуспех на парламентарните избори, од Партијата на зелените најавена оставка на целото раководство, а нема подготвеност за коалиција со партијата на Меркел.

Целото раководство на Зелените ги стави своите функции на располагање - шестчленото раководство и 16-члениот партиски совет на следниот партиски конгрес ќе бидат наново избрани, најавија претседателите на партијата, Клаудија Рот и Чен Оздемир денеска во Берлин. Врвните кандидати на партијата, Јирген Тритин и Кетрин Геринг-Екарт својата идна политичка судбина ја оставија отворена. Зелените нема да одбијат евентуални сондирачки разговори со партиите на Унијата, која победи на парламентарните избори, но на опцијата црно-зелени не и‘ даваат речиси никаква шанса.

Зелените на вчерашните избори од 10, 7 паднаа на 8,4 проценти.

Со оставката раководството на Партијата на зелените сака да отвори пат за ново позиционирање пред парламентарните избори во 2017 година.

Утре ќе се сретнат првпат старите и новите пратеници на Зелените во Бундестагот. Дали Јирген Тритин ќе остане претседател на пратеничката група, прашање е. Долгогодишниот парламентарен раководител на партијата Фолкер Бек најави повлекување.

Партиските претседатели најави пак беспоштедна анализа на изборниот неуспех, со кој партијата падна на нивото од 2002/2005 година. На имиџот на партијата влијаеше и дебатата околу педофилијата, во која се споменуваа имиња на повеќе врвни членови на Зелените со проблематични ставови на оваа тема пред повеќе години.