1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Зелена револуција“ за Африка

За да им се помогне на најсиромашните земји во Африка, поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Кофи Анан има намера да го спроведе проектот „Зелена револуција„.

default

Полињата со жито во иднина треба да ги прехрануваат луѓето во Африка

Целта на иницијативата е да им се помогне на малите фармери со што нивните земји би станале независни од испораките на помош:

„Не можам да замислам ништо поважно на што би му посветил дел од моето време„, изјави Анан претставувајќи го проектот во главниот град на Кенија, Најроби.

Да им се помогне на малите фармери

Намерата е да им се помогне на малите фармери во Африка за да можат да ожнеат доволно за прехранување на своите семејства, а дел и да продаваат: „Додека ние зборуваме, милиони Африканци мораат да бидат снабдени со храна. Така не може натаму. Ние имаме средства, ресурси и потребната поддршка за да го решиме овој проблем„.

Почетниот капитал на „Алијансата за зелена револуција во Африка„ изнесува 150 милиони долари, донирани, меѓу другите, и од основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс. Парите ќе одат директно во проектите, зашто Анан не сака да ги повторни грешките на сличните иницијативи: „Мислам дека лекцијата што ја научивме гласи: мораме да се концентрираме врз фармерите. Ќе соработуваме и со министрите, но за жал, морам да кажам дека владите досега често пречеа. Нивната политика не им помогна на фармерите и регионите„.

Фармерите се учат на грешките

Многумина земјоделци скоро целиот свој живот им го посветуваат на своите полиња, меѓутоа постојано ја прават истата грешка, вели агрономот Џејн Ининда:„Тоа е исто како кога човек е болен, а не го забележува тоа. Одиш на полето и гледаш дека растенијата се болни, но фармерот за тоа нема поим.“

Специјалистиката за житарици оди директно кај фармерите и им објаснува што треба да се прави. Како на пример, при посетата на Кенеди Кимани, 55-годишен фармер. Неговото поле со пченка се наоѓа директно до главниот пат надвор од Најроби. Пченката е голема и силна, но дури откако соработува со Џејн Ининда:

„Порано работев неисправно, зашто стебленцата беа премногу блиску едни до други. Таа ми покажа како треба да направам„.

Фармерот има сопруга и три деца. Досега одвај можеше да ги прехрани, а сега очекува скор шестпати поголема жетва:

„Порано немав доволно за моето семејство, а сега веќе гледам дека во оваа година ќе биде доволно.“

Успешните приказни треба да станат секојдневие

Неговата успешна приказна мора да се повтори безброј пати, ако „Зелената револуција“ биде успешна. Нејзиниот претседател Кофи Анан смета на тоа во наредните 10 до 20 години жетвата во Африка да се удвои, ако не и да се зголеми за четирипати, зашто земјоделците учат бргу:„Верувам дека фармерите се многу умни. Ако видат дека нивните соседи жнеат рекордни приноси зашто го користат нашето семе, веднаш ќе сакааат и тие да пробаат„.