1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Зелената недела” потврден евергрин!

Вечерва (14.01.2010) во Берлин стартува јубилејното 75-то издание на меѓународниот саем на земјоделско производство и прехранбена индустрија. Годинава се претставуваат 1.589 излагачи од 56 земји, меѓу кои и Македонија.

default

Меѓународниот саем на најновото во земјоделството, прехранбената индустрија и градинарството, „Зелената недела", со право може да се каже дека е евергрин, континуирано во топ-форма и мамка за Берлинчани и светот. А, почетокот на најпознатата изложба од овој тип беше во 1926-тата, во годината кога беше пронајдено металното шише за спреј и кога се роди Мерилин Монро.

Форум на дијалог

Од локална берза за земјоделски производи „Зелената недела“ прерасна во централен дијалог за врвните претставници на економијата. Ова е една страна од медалот. Втората е потрошувачот, вели Кристијан Геке од Берлинскиот саем.

Grüne Woche 2008 in Berlin Messe Spezialitäten aus Italien

Специјалитетите од светот ќе ги пренесат посетителите во кујните на сите меридијани

Од почетоците до денес, на „Зелената недела“ продефилирале над 75.100 излагачи од 120 држави и над 29,7 милиони специјализирани и приватни посетители. И годинава тука се очекуваат 400.000 гости и посебно 30-милионитиот посетител во долгата историја на изложбата, чиј земја-партнер годинава е Унгарија.

Посетителите ќе имаат прилика да го доживеат земјоделското производство и најновите достигнувања во вистинската смисла на зборот. Тука ќе ги има најдобрите раси крави, коњи, овци, но и аквариум со 15.000 литри вода и најразлични риби, од пастрмка до јагули. Цела една хала ќе биде градина со над 1.000 рози, 500 лаванди и 250 јасмини, орхидеи и други цвеќиња со опојни мириси. Република Македонија годинава се претставува во халата 18. Акцентот е ставен само на виното кое ќе биде понудено на продажба.

Климатските промени и земјоделството

За експертите, во текот на десетте дена, ќе се организираат над 300 конференции и семинари за што Герд Зонлајтнер, претседател на Здружението на земјоделските производители на Германија, вели дека со оглед што заштитата на климата,

BDT Deutschland Grüne Woche 2007

Една од најатрактивните и годинава ќе биде халата со цвеќиња

обезбедувањето храна и енергијата се најголеми предизвици на нашето време, овие теми и ќе се најдат во центарот на екпертските дискусии. Конкретно, заштитата на климата е во средиштето и на министерската конференција и на саботниот стопански форум. Речиси 60 министри ќе учествуваат на оваа средба.

И на земјоделството, како и на севкупното светско стопанство, лани не му одеше најдобро. Забележан е пад од 5 проценти, кој кога ќе се спореди со другите индустриски гранки, е и поднослив. Јирген Абрахам ,претседател на Здржението на потрошувачите, смета дека и во 2010 година нема да има големо опоравување на земјоделството. Подобрувања ќе има во третиот и четвртиот квартал, што значи овие месеци нема да бидат лесни ниту за земјоделството, ни пошироко за целокупното стопанство.

Затоа сите што сакаат и очекуваат да биде подобро ќе бидат во Берлин - да ги одржат контактите и да се договорат како натаму!

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска