1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Здруженијата на Eгејците протестираат

Во Македонија не стивнуваат реакциите по случувањата во Леринско. Здруженијата на Eгејците испраќаат протестни писма до ОН, ЕУ и грчката влада. Европа, засега се воздржува од реакција за настаните.

default

Граничен појас меѓу Македонија и Грција

Зедницата на протерани етнички македонци од Грција достави протестно писмо до Грчкиот конзулат во Битола,а во Скопје се огласи Конференцијата за координација на Македонците од Eгејскиот дел на Македонија. „По 60 години од граѓанската војна, повторно се јавуваат агресивни и негаторски односи од страна на грчката држава кон Македонците во егејскиот дел на Македонија“, реагира Здружението на децата бегалци.

„Потомците од онаа страна на границата, ниту пак потомците од оваа страна на границата не се подготвени да го прифатат наметнато превоспитување за идентитетот, јазикот и културата. Тоа предание од постарите генерации на помладите е појако од присилата и само го продлабочува јазот помеѓу различните култури и етникуми кои живеат во Грција, и јазот во односите меѓу Грција и Македонија“, вели Методија Тошевски, претседател на здружението кое ги координира Eгејците.

Протестни писма до ОН, ОБСЕ и ЕУ

Griechenland stimmt über EU-Verfassung ab

Здруженијата на Егејците: Европа да побара од Грција да ги почитува меѓународните акти против дискриминација

Тие најавија писмен протест до ОН, до владите на државите членки на ЕУ и до грчката влада во кој ќе побараат грчките власти да престанат со акти на предизвикување и агресивно однесување, малтретирање, прогонување и непризнавање на Македонците во Северна Грција. Европа треба да ја прифати реалноста за постоењето на македонско национално малцинство во Грција и да и укаже на нејзините обврски да ги спроведува меѓународните акти за сузбивање на дискриминациите по сите основи, порачаа егејските здруженија.

Европа засега воздржана

Од Европа засега има воздржани реакции во однос на случувањата во Леринско. Францускиот амбасадор во Скопје Бернар Валеро вели дека е тоа билатерално прашање што треба побрзо да се реши.

„Видовме дека беше вложен демарш од едната до другата страна. Наша желба е ова прашање многу брзо да се затвори,“ рече Валеро. Со слична оценка се огласи и американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер.

Завчера во Леринско се случи инцидент во кој еден човек беше повреден, а четворица приведени кога локалното население и се спротивстави на грчката армија во намерата да изведува воени вежби во близина на нивното село, Забрдени.