1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Здравствената состојба на Тимошенко се влошува

Здравствената состојба на опозиционата украинска лидерка Јулија Тимошенко, која во затворот штрајкува со глад, според нејзината ќерка, е влошена. Русија понуди Тимошенко да биде лекувана во руска болница.

Досегашните молби на семејството Јулија да го прекине штрајкот што го започна на 20. април, не вродиле со плод, изјави ќерката Евгенија Тимошенко за ЗДФ, втората програма на германската телевизија.

Поранешната премиерка е осудена на седум години затвор поради наводно штетен договор за гас со Русија. Западните аналитичари сметаат дека 51-годишната Тимошенко е жртва на политичка одмазда на судството по налог на сегашниот украински претседател Виктор Јанукович. Во 2004-та година Тимошенко ја водеше прозападно ориентираната „Портокалова револуција“ против Јанукович. Таа протестира со штрајкот со глад против условите во затворот и малтретирањето. Тимошенко се жали на болки во ‘рбетот, но украинските власти ги одбиваат понудите таа да биде лекувана во Германија. Изненадувачки, понуда за лекување на Тимошенко стигна и од Русија. „Од хуманитарни причини Москва радо би ја презела болната политичарка, доколку самата се согласи и тоа го одобри украинската влада“, изјавил идниот рсуки претседател според агенцијата Интерфакс. Украинските власти досега одбиваат лекување на Тимошенко во странство „зашто за тоа не постојат никакви правни основи“.

Односот на украинските власти кон поранешната украинска премиерка во Европа доведе до конфликт со Украина и до дебата за бојкот на Европското фудбалско првенство кое ќе се одржи во оваа земја и во Полска. Сите членови на Европската комисија најавија дека нема да патуваат во Украина на првенството. Амнести Интернешнл пак, побара политичарите да отидат во Украина и таму да протестираат против кршењето на човековите права.