1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Згрижувачките семејства - спас за децата без родителска грижа

Во повеќе градови во Македонија во моментов функционираат 165 згрижувачки семејства, со околу 220 деца на возраст од неколку години до полнолетство.

default

Низ посебни програми на децата им се нудат услови на живеење што не успеале да ги добијат од биолошките родители. Што е најчесто желба кај овие деца, кои се нивните афинитети и очекувања од животот во ваквите семејства, односно кои се проблемите со кои се соочуваат родителите згрижувачи? Одговорите низ примерот на семејството Тушевски.

Се‘ во интерес на децата

Од 1 февруари годинава, тричленото семејство Тушевски, Силвана, Ивица и нивниот син тинејџер Мартин, преку ноќ нараснаа на девет члена. Го сменија живеалиштето и сега со новите шест деца, три момчиња и три девојчиња, на возраст од десет до 14 години, живеат во куќата „барабанче“, една од 12-те куќи на СОС-селото, во близина на Скопје. Нивниот пример е прв во Македонија и

Misshandlung von Kindern Symbolbild

тие самите велат дека се‘ уште се навикнуваат, но дека првичните впечатоци им се и повеќе од позитивни. Полека се навикнуваат на новите деца, но и децата се навикнуваат на нив. Биолошкиот син доби нови другари, кои во последните денови веќе почнале да го викаат „брат“.

Условите во куќата се извонредни - со простран и модерено уреден салон со кујна, има и огромна маса со десетина столчиња, компјутер, телевизор и радио, како и четири спални соби и две купатила на катот. Околу семејството се грижи и тим социјални работници, кои секојдевно следат, забележуваат, укажуваат и внимаваат да не се појават некакви проблеми. Се‘ во интерес на децата.

Тета Силвана стана мајка на седум деца

Мајката на ова големо семејство, или како што се‘ уште ја викаат - тета Силвана, во разговорот за ДВ проговори за мотивите кои ја натераа да се нафати на вака големата, но пред се‘ хумана и одговорна задача.

„Првичниот мотив ми беше што останав со едно дете и затоа што мислам дека можам повеќе да придонесам и повеќе деца да одгледам. Почувствував потреба за тоа дека и мене ми треба да бидам повеќе со деца, но и на моето дете“, вели Силвана.

Таа објаснува дека нема голема разлика од претходно, освен што сега се подготвува храна за повеќе деца. Се‘ функционира како што треба, а сега е полесно затоа што сите се заедно. Таа порано работела како СОС-тетка и била растргната меѓу децата во селото и синот дома, а сега сите се заедно и се‘ функционира како што треба, затоа што сите помагаат и околу храната и околу средувањето на собите.

Sorgerecht Vater Kinder Verfassungsgericht NO-FLASH

„Почнувам да ги учам нивните каратери. Некое се искажува повеќе, друго е потајно. Но функционираме. Искрени се што ми е многу битно“, додава таа.

Ивица, пак, вели дека полека се навикнува на децата, дека со нив почнува да се дружи, да игра баскет, да излегува ... А, вели, и дека чувствува оти децата тоа го очекуваат од него.

„Дојдовме овде со малку резрева, немавме иксуство, но досегашното искуство покажува дека не згрешивме што дојдовме тука“, вели таткото на ова семејство.

Единствен мотив е љубовта

Социјалниот работник Јагода Насковска вели дека единствениот мотив кај овие луѓе да се нафатат на оваа работа е љубовта кон децата. Работата да се изведе едно дете на вистинскиот пат е понекогаш многу тешка и тие тоа го знаат, ама се истрајни, полни со љубов и хуманост, така што на крајот се гледаат прекрасните резултати од нивниот труд и ангажаман, вели таа. Но, овие семејства, како впрочем и сите други семејства, имаат проблеми.

„Како и во биолошките семејства, така и во нашите СОС-семејства се соочуваме со одредени проблеми кои најчесто се однесуваат на адолесцентни проблеми, или децата се обидуваат да ги урнат границите, да го поместат куќниот ред. Сето тоа е нормално, па мајката реагира, а и ние сме тука, така што не се работи за крупни проблеми“, вели Насковска.

Spiro Ristovski

Спиро Ристовски: При изборот на згрижувачки семејства мора да се исполнат неколку строги критериуми

Според министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, формата на згрижувачки семејства функционира во Македонија веќе 12 години и таа, според него, се покажа како најдобар начин за згрижување на децата без родители и на децата со хендикеп. Процесот на деинституционализација, односно на нивно извлекување од институциите е тендеција кон која оди Македонија, а тоа е врпочем и европски и, пред се‘ - хуман тренд.

Ристовски објаснува дека при изборот на згрижувачки семејства мора да се исполнат неколку строги критериуми, околу карактерот и профилот на згрижувачите.

„Во форма на згрижувач може да се пријави лице кое е комплетно психофизички здраво, лице кое има морални вредности и лице кое нема да се доведе во ситуација да настане извесен проблем, да се случи да настапи со некое свое асоцијално однесување“, објаснува министерот Ристовски,

Според него, во моментов во Македонија има околу 165 згрижувачки семјества со околу 220 деца, а уште толку се згрижени во домовите за деца без родители. Интенцијата на Министерството е да се намалува бројот на институционално згрижени деца, а да се зголеми бројот на згрижувачки семејства, каде најдобро може да се преслика идиличната слика на топол дом, со љубов и разбирање од родителите, иако тие тоа не се во биолошка смисла на зборот, но реално, фактички и емотивно се.

Згрижувачките семејства можат да згрижат од едно до најмногу пет деца. На крајот треба да се каже дека државата на овие семејства што згрижуваат деца им обезбедува месечен надомест за секое дете што го чуваат, одгледуваат, воспитуваат и изведуваат на „вистински пат“, а средствата се движат од 6.500 до 8.500 денари по дете.

Поврзана содржина