1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Зголемување на платите-избегнат штрајк

По преговарачкиот маратон-работодавачите и синдикатите во Германија постигнаа нов тарифен договор за вработените во јавниот сектор-платите поголеми за 6,3 проценти.

Воздишка олеснување-по неколкудневни преговори во јавниот сектор во Германија и серијата предупредувачки штрајкови, избегната е опасноста од голем штрајк-во Потсдам претставниците на работодавачите и на синдикатите постигнаа согласност за нов тарифен договор за околу два милиони вработени во јавните служби во комуните и државата. Платите треба да бидат зголемени во повеќе рати за 6,3 проценти во време од две години. Првото зголемување од 3,5 проценти треба да важи ретроактивно од март 2012-та година. Натамошните зголемувања од по 1,4 проценти ќе следат од јануарии од август  2013-та година.

Контроверзни дискусии меѓу работодавачите и синдикатот Верди се водеа особено околу една точка-работодавачите не беа подготвени на барањето за покрај вкупно зголемување на платите во тарифниот договор да биде вградена и социјална компонента. Синдикатите бараа имено минимално зголемување од 200 евра месечно за примателите на помала плата да бидат ставени во поповолна положба.

Со согласноста постигната по повеќе од 40 часа преговарање задоволни се и двете страни, изјави во таа насока дадоа и шефот на преговарачкиот тим на работодавачите, министерот за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих, као и шефот на синдикатот Верди, Франк Бзирске.

Синдикатот првично бараше моментно зголемување на платите од 6,5 проценти, а работодавачите понудија 3,3 насто повисоки плати.