1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Зголемување на есконтните камати во САД

Шефот на американската централна банка Алан Гринспен конечно ги спроведе најавите од минатите недели и за првпат по четири години ги зголеми есконтните камати од еден на 1,25 насто.

Шефот на американската централна банка Алан Гринспен

Шефот на американската централна банка Алан Гринспен

На тоа сите сметаа иако страхувањата на експертите дека каматите ќе се покачат одеднаш за половина процентен поен засега не се остварија. Сепак, на тоа мора да се смета во наредните месеци. Експертите велат дека есконтните камати до крајот на годинава ќе достигнат два процента.

“По се што гледаме, економскиот растеж стои врз многу солидна основа“, изјави Гринспен неодамна потпирајќи се врз позитивни факти. Од почетокот на годинава се создадени милион и 200 илјади нови работни места што зборува за јасен пораст. Мнозинството експерти тоа подеднакво го оценуваат. Но, со сегашното зголемување на каматите се дејствува против можно претерано вжештување, како и за спречување на инфлаторниот ризик. Сепак, ова значи крај на една толку ниска каматна фаза непозната во САД во последниве 40 години. Гринспен од јануари 2003 година 13 пати ги намалуваше есконтните камати, но мораше да реагира на изненадувачки високата инфлација во мај од 3,1 насто. Она што се случи сега за многумина ќе има мношне серизни последици, предупредува претставникот на потрошувачите Стив Борман:

“Многумина должници своите кредити сега ќе мораат да ги отплаќаат 10 до 15 години подолго. За некои тоа е уништивачки, а генерално е драматично“.

Сепак за паника не може да се зборува. Луѓето знаат што им следува и реакциите се разумни и мирни.

“Ќе се обидам да ги одложам моите долгови и нема да влегувам во нови“, вели една жена во Вашингтон која очекува ново покачување на есконтините камати. Ова јасно ја отсликува атмосферата во земјата. Можеби малку загриженост, но многу повеќе надеж.