1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зголемен ризик од напади во Нигерија

Властите во Нигерија вршат засилена потрага по организаторите на најновите терористички напади , во кои од петокот (04.11) беа убиени најмалку сто лица.

default

Сцена по нападот врз канцеларија на ОН во Абуџа, во август годинава

Ќе биде пребарано секое место и виновниците ќе бидат фатени, изјави претставник на полицијата. Одговорноста за неколкуте напади врз згради и владини сили ја презеде исламистичката група „Боко Харам“. Нејзините членови самите се означуваат како нигериски талибанци.

Германското министерство за надворешни работи предупреди од зголемен ризик од напади. И амбасадата на САД во Нигерија предупреди од нови можни напади врз трите луксузни хотели во главниот град Абуџа, каде главно престојуваат странци.

Автор: ЖА/СН/дв

Редактор: Е.М.Фиданоска