1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Студирање во Германија

Зголемен бројот на студии со бечелор и мастер

Во 1999 година, Германија ја потпиша Болоњската декларација со која вкупно 45 европски земји се обврзуваат да создадат единствен високообразовен систем.

default

Договорот од Болоња предвидува сите европски држави до 2020 година да ги регулираат студиите во унифицирани студиски циклуси: бачелор и мастер.

Поскоро во професионалниот живот

Предноста е во тоа што студентите веднаш по стекнувањето на диплома од првиот циклус „бачелор“, кој одговара на досегашните додипломски студии, ќе можат да бараат работа. Со олеснувањето на постапката за студентска размена меѓу факултети од различни земји се очекува значително унапредување на мобилноста на студентите. Дипломите ја имаат истата вредност на интернационално ниво во Европа, па со тоа дипломците од германските универзитети имаат поголеми шанси на меѓународниот пазар на трудот. Странските студенти, пак, радо доаѓаат да студираат во Германија доколку во нивната татковина без проблем се признаат стекнатите германски дипломи.

Збогум за стариот систем!

Ausbildung zu Zahnmedizinern

Интензивирана практична работа и почести проверки на знаењето: новини од Болоњската декларација

Со спроведувањето на Болоњската декларација постепено се укинуваат старите високообразовни степени во Германија: Diplom (за природонаучните и техничките студиски програми) и Magister (за општествените науки). Идните наставници, правници, медицинари и фармацевти не ќе мора да подлежат на финален државен испит за да дипломираат, а докторските студии и натаму ќе можат да се отпочнат единствено на универзитетите со претходен, успешно завршен мастерски степен.

Колку пократко, толку подобро

Досега, времетраењето на додипломските студии изнесуваше осум семестри, но за многу студиски програми беше потребно повеќе време, бидејќи кај многу студиски програми не можеше да се завршат сите обврски во регуларното време. Со новата шема, бачелорот се завршува во рок од шест семестри (три студиски години), а мастерот за дополнителни две години.

DWFZ-TV, Kursteilnehmer diskutieren, Engineering

Индивидулните консултации со професорите играат важна улога во учењето

Студиските програми на ниво на бачелор и мастер се значително поедноставени и се сочинуваат од модули. Наместо досегашниот принцип на полагање по завршувањето на основните студии, сега има испити на крајот од секој семестар со кои континуирано се следи напредокот на студентите. Тие во текот на студирањето треба да соберат одреден број на т.н. „кредити“ со што ќе се квалификуваат за стекнување диплома од соодветната област. Во Германија, околу 80 проценти од студиските програми веќе функционираат според принципот на бачелор и мастер-циклус.

Мноштво нови студиски програми

Во досегашните додипломски студии студентите беа концентрирани на една стручна област, а на магистарските студии можеа да се комбинираат до три предмети. Во согласност со Болоњската декларација, универзитетите сега нудат некои од поранешните комбинации на предмети како цели студиски програми со проширена содржина. Со тоа се создаде голем број на нови студиски гранки; многу од нив се изведуваат на англиски јазик, а постојат и т.н. „двојни студиски програми“ кои се поддржани и од Германската академска служба за размена (DAAD). Дел од наставата на овие програми се следи на универзитет во Германија, а дел на некоја високообразовна институција-партнер во странство. Станува збор за програми чии комбинации од предмети им овозможуваат на студентите да започнат кариера во која било од двете земји каде ја следат наставата.

Интензивна соработка

Мнозинство од двојните студиски програми се спроведуваат во партнерство со повеќе европски универзитети, бидејќи многу граници во Европа исчезнаа, со што луѓето станаа помобилни на пазаот на трудот. Германските универзитети сакаат да ги подготват своите студенти и за светскиот пазар, па отпочнуваат вакви програми со партнери од земји вон Европа. Таква е програмата Joint Master of International Economic Law при Универзитетот „Мартин Лутер“ во Хале во соработка со универзитети од Кина.

Побрзо, полесно, покомпактно - подобро!?

Unifest der Universität Bonn: Studierende werfen ihre Hüte in die Luft

Поскоро до диплома, но дали и побрзо до работа?

Реформата во германското високо образование според Болоњската декларација наиде на критики во јавноста. Се` уште постојат пречки кои треба да се надминат: студиите станаа покомпактни и попрегледно структурирани, но многу студенти сметаат дека се учи доста обемен материјал во скусен временски период. Поради тоа, студентите немаат време за споредна работа со која мнозинство од нив ги финансираат своите студии. Овој проблем особено дојде до израз со воведувањето високи надоместоци за школарина во некои покраини. Покрај ова, новиот мастерски циклус не се надоврзува автоматски на претходно стекнатиот бачелор. Напротив, студентите се избираат во зависност од нивните квалификации. Не помалку важно: новите студиски програми не оставаат многу простор за дополнителна практична работа или за учество во студентска размена во странство. Во тој поглед, програмите, всушност, треба да им го олеснат патот на студентите во странство.

Автор: Габи Ројхер / Далибор Стајиќ

Редактор: Александра Трајковска