1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Зголемен бројот на странци со германски пасош

Најголемиот број нови државјани се со турско потекло. Во 2012 година пораснал бројот Срби, Црногорци и Косовари кои добиле германско државјанство. Минатата година германски пасош добиле 777 Македонци.

Германскиот пасош е повторно многу баран кај странците во Германија. Во Германија четврта година по ред расте бројот на примени нови државјани од странците кои живеат во земјата. Како што соопшти Сојузната служба за статистика од Висбаден, во 2012 година германски пасош добиле околу 112.300 странци, речиси пет проценти повеќе од претходната година.

Најголемата група нови германски државјани и натаму е од Турција (33.200), а следуваат луѓето од Србија, Црна Гора и Косово (6.100) и од Полска (4.500).

Паѓа в очи што многу Грци (4.200) и Италијанци (2.200) по повеќе години поминати во Германија решиле да земат германско државјанство. Порастот кај Италијанците е за 29, а кај Грците за дури 82 проценти. Во однос на претходната година, германски пасош добиле помалку лица од Африка, Азија, Австралија и Океанија, минусот е околу пет проценти.

Со воведувањето на новиот закон за државјанство во 2000 година, бројот новостекнати државјанства во Германија прво забележа намалување, но од 2008 година повторно бележи пораст, иако е под нивото од 2000 година, кога изнесуваше 186.700 лица. За да може да се поднесе барање за стекнување со германско државјанство, странците треба веќе да живеат во Германија најмалку осум години.