1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Зголемен бројот на жртвите во Глазгов

Бројот на жртвите од хеликоптерската несреќа во Глазгов се зголеми на девет. Акцијата за пронаоѓање на евентуални нови жртви под урнатините продолжува.

Бројот на жртвите при уривањето во петокот на полицискиот хеликоптер врз покрив на едно познато кафуле во Глазгов, во кое во моментот се наоѓале околу 120 луѓе, достигна девет лица.

Заменик-началникот на шкотската полиција Роуз Фицпатрик потврди дека бројот на жртвите се зголемил за уште една по вчерашното откривање на уште едно тело под урнатините на зградата. Во несреќата се повредени 12 лица и сите се хоспитализирани. Акцијата за пронаоѓање на евентуални нови жртви по урнатините продолжува.

Хеликоптерот, во кој биле цивилен пилот и двајца полицајци, се урна врз покривот на пабот „Клута волтс“ во петокот во 22:25 часот по локално време (23:25 по средноевропско време), во моментот кога во преполната сала настапувал бенд.