1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Зголемени безбедносните мерки во Англија

*

Велика Британија го подигна на највисоко, критично ниво степенот на безбедност, што укажува на непосредна опасност од терористички напади. Мерката следи откако е утврдено дека инцидентот на аеродромот во шкотскиот град Глазгов кога вчера во терминалот влета запален автомобил, е поврзан со двете автомобили бомби во Лондон. Полицијата сопшти дека, покрај двајцата мажу уапсени во Глазгов, уапсила уште две лица поради сомневање дека се вмешани во обидите за атентати. Британскиот премиер Браун ги повика граѓаните на претпазливост.