1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Збунувачка економија - може ли науката да помогне во кризата?

Финансиската и должничка криза на државите истовремено е и криза на економската наука. Нејзините модели са во расчекор со реалноста. Реномирани економисти бараат нов поглед врз нивната фела.

Како да се реши финансиската и должничка криза? Треба ли Грција да ја напушти еврозоната? Дали нашите пари ќе бидат обезвреднети од експлозивна инфлација? Никогаш досега не беа попотребни стручната експертиза и совети од економистите. Но, нивните тези се изложени на се’ посилни критики. Веќе речиси никој не верува во самозаздравувачките сили на слободниот пазар. Безидејноста на научниците-економисти во фонот на кризните сценарија што не сакаат да завршат води кон жестоки дебати и меѓу нив самите.

Томас Штраубхар, шеф на Хамбуршкиот институт за светското стопанство (ХВВИ), ги става на дискусија дури и основите норми на економската наука.

„Можеби е тоа најважната порака на моите размислувања: дека во економијата нема апсолутно важечки закони, кои можат толку едноставно и лесно да се применат, како што е на пример во физиката. Затоа не би требало постојано да се обидуваме на комплексни прашања да очекуваме едноставни патент-рецепти како, на пример, дека при спасувањето на еврото се’ би било в ред, кога Грците би ја напуштиле еврозоната“, вели Штраубхар.

Symbolbild Börse Frankfurt am Main Hochfrequenzhandel

Дел од експертите сметаат дека економската теорија не одговара на економската реалност

Науката може отворено да изложи какви процеси на решавање се одвиваат, како тие влијаат врз одреден начин на однесување, какви предности и недостатоци се поврзани со тоа, какви трошоци, но и каква полза може да произлезе од нив. Накратко кажано, анализи - да, но при оценувањето на анализираните факти науката се судира со своите граници.

„Сметам дека оценувањето многу бргу ќе стане прашање на доктрина и со тоа веќе нема да биде трезвена, научна и општоважечка анализа“, вели Томас Штраубхар.

За Штраубхар логична последица е дека економистите би требале да бидат многу попретпазливи со своите брзи предлози за тоа - како да се решат комплексните проблеми? Тој смета дека токму во сегашнава напната атмосфера нема едноставни патент-рецепти како може да се спаси еврото. Може само да се укаже кои опции се воопшто можни. Главната задача, според него, е да и’ се даде помош на политиката за донесување решенија.

Далеку понатаму во критиката на сегашните концепти на економската наука оди Макс Оте, економист, менаџер на фондови и автор на книги. Тој уште во 2006. година во својата книга „Сломот доаѓа“ ја предвиде глобалната финансиска криза. Оте не верува дека научниците-економисти со нивното академско знаење воопшто можат да придонесат за совладување на кризата, напротив.

„Во моментов тие пред се’ придонесоа за конфузија. Од нив немаше предупредување за кризата, а сега добиваме едно чудо противречни проценки и предлози за решенија. Така, научниците-економисти всушност придонесуваат за заострување и засилување на кризата“, вели Макс Оте.

Symbolbild Geschäftsmann

Економистите би требале да ја реформираат науката

Оте со тоа се придружи кон хорот на критичари кои сметаат дека сегашните математички модели на економската наука не ги отсликуваат, ниту можат да ги сфатат актуелните кризни сценарија. Поинаку кажано, не може да се пресмета како ќе се однесуваат различни луѓе во различни ситуации. Поради тоа мора да се истражува колку е начинот на однесување на луѓето под белег на чувства и предрасуди. Критичарите бараат приближување на економската наука до социологијата, психологијата, историјата, како и до биологијата. Таков пристап веќе има, но приврзениците до сега беа маргинално струење, на кое малку кој му посветуваше внимание.

Макс Оте не верува дека економската наука може темелно да се реформира, ниту дека нејзините претставници ќе извлечат правилни заклучоци од нивните досегашни грешки во односот спрема должничката криза.

„Во принцип поуката би била дека нивната цела наука е погрешно поставена. Секогаш станува збор за општествени процеси, за луѓе, за нерамнотежи, за структури на моќ, а речиси сите економисти работат според базичната премиса дека пазарот ќе го регулира тоа. Но, пазар веќе нема. Има многу различни пазари, кои различно функционираат. На тоа мора да се прилагодат, но тоа уште не го гледам“, вели Оте.