1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зборот „оставка“ не излегува од Мубарак

Египетскиот претседател Хосни Мубарак и` се обрати на нацијата вторпат по избувнувањето во земјата. Иако многумина очекуваа да најави дека се повлекува, тоа повторно не се случи. Протестите стануваат се` пожестоки.

default

Мубарак не потклекнува на „притисокот од странство“

Егитескиот претседател Хосни Мубарак засега останува на функцијата. Во неговото обраќање до нацијата, што и целиот свет со нетрпение го очекуваше, Мубарак изјави дека овластувањата ќе му ги предаде на потпретседателот Омар Сулејман. Меѓутоа за оставка не рече ниту збор:

„Претседателските овластувања согласно уставот му ги предавам на мојот заменик и убеден сум дека Египет ќе ја надмине кризата. Нема да се разделам од Египет се’ до мојата смрт“, рече Мубарак, кој како и во првото обраќање до нацијата на почетокот на протестите истакна дека нема да се кандидира за претседателските избори во септември.

Сите знаат кој е Мубарак

По вчерашното соопштение на египетската армија, која најави дека ќе расправа за мерките кои ќе придонесат за безбедноста на земјата, многумина во Египет и во светот очекуваа оставка од Мубарак. И од САД дојдоа еднакви сигнали. Шефот на тајната служба ЦИА изјави дека оставка на Мубарак в четврток е многу веројатна. Но тоа не се случи:

„Јас никогаш не сум потклекнувал пред притисокот и диктатот од странство. Јас сум уверен дека големо мнозинство од населението на Египет знае кој е Хосни Мубарак и ме боли она што ми го прават дел од моите луѓе во моментов,“ порача Мубарак.

Демонстрантите на плоштадот Тахрир и насекаде во земјата реагираа разочарано и со зазбеснети протести. Тие порачаа дека и натаму ќе демонстрираат за оставка на Мубарак и за демократски реформи во Египет. Повеќе илјади демонстарнти во текот на ноќта маршираа од плоштадот кон силно обезбедуваната зграда на државната телевизија. Водечкиот опозициски лидер во земјата, Мохамед Ел Барадеј оцени дека Египет е „пред експлозија“ на незадоволство.

Flash-Galerie Ägypten Kairo Mubarak Protest

Креативна порака со јасна содржина: Мубарак, заминувај

„Загриженоста стана поголема, наместо помала“

Разочарувањето по последниот говор на Мубарак е големо и во меѓународната заедница. Покрај разочараност, германскиот миистер за надворешни разботи Гидо Вестервеле изрази и загриженост за натамошниот развој на состојбата во Египет:

„Овој говор на претседателот Мубарак не покажа нови перспективи. Тоа не беше очекуваниот чекор напред. Стравувам дека говорот нема да има смирувачко влијание во Египет. Загриженоста на меѓународната заедница и на германската влада по обраќањето уште повеќе се зголеми, наместо да се намали“, рече Вестервеле.

Американскиот претседател Барак Обама побара од Владата во Каиро да објасни како планира да ја демократизира земјата. Координаторката на надворешната и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, пак, побара во Египет„веднаш“ да дојде до промени.

Инаку амбасадорот на Египет во САД , Самех Шукри за телевизијата СиЕнЕн изјави дека сега во Египет де-факто претседател е вицепретседателот Омар Сулејман, Мубарак практично веќе нема никаква моќ, додаде Шукри.

Автор: СН/ТТ/дв

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM