1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зборот на Мугабе е главен

Во Зимбабве се гласа за нов состав на парламентот и за претседател на земјата. Опозицијата во земјата со која од 1980 година владее Роберт Мугабе, во текот на кампањата се бореше за секој глас на избирачите.

default

Собир на опозицијата во Зимбабве

Зимбабве, 1980 година. По 15 години граѓанска војна земјата ја прославува својата независност. Главен на прославата - лидерот на бунтовниците на ЗАНУ-ПФ, Роберт Мугабе. Тоа беше негов ден и негово инаугурирање. Како премиер на Зимбабве тој се заколна на верност кон демократската земја и се обврза на почитување на законите. И, луѓето заради тоа го сакаа, не само во Зимбабве, туку во цел свет. Мугабе зборуваше за помирување, за образование на жителите на сонародниците и за здравствен систем.

Но, восклиците брзо стивнаа. Во Зимбабве повторно се убиваше и имаше измачувања, се вршеа грабежи и насилства. Мугабе ги испраќаше своите специјални сили насекаде каде што луѓето не гласале за него. Политичкиот експерт, Џон Макумбе, се сеќава: „Во тоа време загинаа илјадници луѓе. До денес не се знае колку - некои велат 5, некои 10 или дури и 20 илјади. Тоа беше војна што ја уништи демократијата.“

Дваесет години по прогласувањето независност, земјата беше економска руина - поради корупција и лошо менаџирање, бесмислената војна во Конго и лошо водената програма за структурно прилагодување. Мугабе ги прогласи белите фармери за државен непријател број еден и ги протера до земјата. Својата тајна служба ја ирпаќаше да ги шпионира опозиционите политичари и да ги малтретира. Нивните приврзаници беа прогонувани, илјадници луѓе измачувани. беа апсени новинари и забранувана работата на организациите за човекови права, само за да се стави јасно до знаење: „Дека ЗАНУ-ПФ нема никогаш да загуби“.

Vor den Wahlen in Simbabwe, Präsident Robert Mugabe

Роберт Мугабе


Така вели Мугабе. Експертот Макумбе обајснува што тоа значи. „ЗАНУ-ПФ е владеачка партија. Во нејзе Мугабе е партијата и партијата е Мугабе. Значи може да се каже - она што ќе го одлучи Мугабе, тоа и се случува во Зимбабве. “

Економски погледнато, тоа за земјата значи руинирање. Од помош во прехранбени намирници се зависни милиони луѓе. Повеќе од 80% од населението е невработено. Претприемачите на произведуваат. Централната банка на Зимбабве соопшти дека стапката на инфлација изнесува 66 илјади, додека неофицијално се зборува за сто илјади проценти инфлација.