1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Збогум на развојот на кредит

Борбата против високата задолженост во важните економски блокови во светот мора да продолжи, потенцираа денеска Г8 во Довил. Државите од Г8 најавија обемна финансиска поддршка на демократските промени во Северна Африка.

default

Челниците на Г8 во Довил

Збогум на економскиот развој базиран на кредит! Поради се‘ пооптоварувачкиот притисок на долговите, Г8, седумте водечки индустриски земји и Русија, се обврзаа на значително штедење. На крајот на дводневниот самит во францускиот град Довил, пред се‘ САД првпат во недвосмислена форма се изјаснија за „јасни и веродостојни рамки за среднорочно консолидирање на државните буџети“. Американците тврдат дека нивната среднорочна програма за консолидација ќе биде можна со паралелно зголемување на развојот и отворање поголем број работни места. Експертите сметаат дека ова е необично признание, зашто одамна партнерите безуспешно вршат притисок врз Вашингтон за ставање сопирачки на проблемот со американските долгови.

G8-Gipfel Deauville

Барак Обама и Никола Саркози

Загриженост поради Грција

Во Европа, каде Грција и другите евро-земји се борат со масивни проблеми поради високите долгови, треба да продолжат ефикасни структурни реформи. Американскиот претседател Барак Обама изрази загриженост за грчката криза. Тој на Европејците истовремено им вети поддршка во барањето решение, без да наведе детали.

Владата во Атина мора да ги спроведе новите мерки на штедење, а би требало да биде договорена натамошна финансиска помош. Постои едногласност да не се посегнува по нови патишта за решавање на грчката криза. Реструктуирањето на долговите во Европа е спорно, Европската централна банка е изричито против.

Поддршка за демократските промени во Африка

Државите од Г8 сакаат да ги поддржат и демократските промени во Северна Африка со великодушна финансиска помош. Египет и Тунис до 2013 година треба да добијат вкупно 20 милијарди долари, односно 14 милијарди евра.

G8-Gipfel Deauville

Ангела Меркел и Дмитри Медведев

За помошта се зазедоа пред се‘ американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел.

Тема на самитот беше и Либија, каде и по два месеци по почетокот на воената акција на НАТО, се одржува на власт. Во заедничка изјава американскиот претседател Барак Обама и францускиот шеф на државата Никола Саркози покажаа единствен став: „Гадафи мора да си замине“, рече Саркози.

„ Постигнавме напредок во мисијата во Либија, базирана врз резолуцијата на ОН за заштита на цивилите, решени сме да ја завршиме работата до крај“, изјави Обама.

Во Довил меѓутоа постојат први навестувања дека конфликтот во Либија може да се решава и преку посредување. Москва е подготвена да посредува, гласат информациите од Кремљ.

Автор: ЖА/АТ/дпа/афп/дв

Редактор: Горан Чутаноски