1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Збогум минато, добар ден Европо!

На 30 километри југозападно од Охрид е Поградец. Овој албански град по падот на режимот на Хоџа доживува процут. Toj е вистинско градилиште и го развива туризмот. Бариерите од двете страни на езерото одамна се срушени.

default

Поградец

Од Македонија до Поградец може да се стигне преку Свети Наум и Ќафасан. Граничниот премин кај Тушемиште се уредува бавно, а патот што води до Поградец со децении е ист. Само времето за влез е далеку покусо, граничарите, пољубезни. Впечаток е дека повеќе Албанците патуваат кон Охрид отколку обратното. Албанија од времето на диктаторот Енвер Хоџа исчезнува. И во воздухот се препознава желбата за модерен живот. Стотиците бункери, некогаш поскапи и од стан - ги нема. Тешките времиња ги паметат само возрасните.

Туризмот мотив за брз развој

Се фаќа залет со туризмот. Изградени се 30-ина нови мини хотели. Панди Лакмани е сопственик на хотелот Милениум: „Од сите страни имам гости. Најмногу од

Podgradec Albanien

Хотелот Милениум во Поградец

Тирана. Секој викенд работам со полн капацитет. Доаѓаат странци. Од Македонија повеќе на прошетка и за јадење отколку за спиење.“

Тој очекува и државата да им помогне: „Патот од граница до Поградец е многу важен. Треба да се уреди. Тој е лицето на Албанија. Тоа на гостите им пречи. Во угостителството ги внесуваме стандардите, се трудиме. Чистењето на брегот е проблем. Водата со работата на колекторот веќе е чиста, но не и крајбрежието.“

Со германска помош се решава комуналната инфраструктурата

Три крупни проекти решаваме со помош на германската КФВ банка изјави за Дојче веле заменик градоначалникот на Поградец Ерион Весо. „Изградивме модерен водовод,

Podgradec Albanien

Заменик градоначалникот на Поградец Ерион Весо

колектор и пречистителна станица, а сега се гради фекалната канализација.“ Инвестирани се вкупно 24 милиони евра донација и кредит истакнува Весо: „Следен проект кој е во зародиш со КФВ банката е регионалната депонија и решавањето на комуналниот отпад. Така ќе се зголеми еколошката заштита и на езерото. Тирана со државни пари започна нов пат од Ќафасан. Стариот ќе биде преуреден само за автомобили и од Лин до Поградец за една година ќе има пешачка и велосипедска патека.“

Аријан Мероли беше раководител на проектот за заштита на Охридското езеро од албанска страна и еве што посакува: „Да го прогласиме регионот на Охридското и Преспанското езеро за светски резерват на биосферата. Ако го достигнеме ова ќе може да кажеме дека сме ги заштитиле сите видови и квалитетот на водата и целиот еко-систем.“ Мероли потсетува: „Мислам дека не може да има граница за еко-системот. Така нема да успееме. Меѓународните институции инсистираат трансграничните еко-системи да немаат граници, поделби и различни стратегии за заштита.“

Булеварот „Сто чекори кон Европа“ изграден со помош на ЕУ

Поградец за само две децении од 20.000 порасна на 40.000 жители. Половината муслимани и поливината христијани.

Podgradec Albanien

Градежни работи

Интензивно се гради и го менува ликот. До 2000 година непосредно до брегот во центарот на градот диво никнаа 59 објекти. Општината со закон ги сруши и стави забрана за градба, истакнува Роберт кој веќе пет мандати е советник во локалната власт. Посебна гордост од пред една година е пешачката зона во срцето на градот наречена „Сто чекори кон Европа“. Изградена со помош од Европската унија на иницијатива на европратеничката Дорис Пак.

Но, не е се’ така розово. Безработица владее и во Поградец. Околу 12 проценти од населението е без работа, индустрија речи си и да нема, признава Роберт: „Државата одреди 150 евра да изнесува најниската нето плата. За 4 члено семејство за солидна живејачка се потребни 450 евра месечно. Општината помага 1300 социјално загрозени семејства. Сепак, се живее далеку подобро, споредено од пред 20 години,“ додава Роберт.

На Балканот секој трет човек може да ти е роднина

Кејот врие од луѓе, но и скапи автомобили. Нови и

Podgradec Albanien

Уметникот Анастас Констандини-Тасо

почесто половни. Се гради голем трговски и бизнис центар. Поградец има три државни факултети дисперзирани од Корча од кои предничат за туризам и економија. Останува сонот, Поградец повторно да има бродска линија со Охрид и Струга и чувството дека обичните луѓе сигурно ќе ги натераат политичарите да тргнат по нивниот пат. Ликовниот уметник Анастас Констандини -Тасо е оптимист: „Патот е веќе трасиран и нема друг за Европа. Еден албански сатиричар вели ’На Балканов не препрашувај кој од каде е бидејќи по неколку средби ќе испадне дека пријателот ти е роднина’. Можеби сме сиромашни, но уметнички сме богати и само заеднички треба да се наметнеме во Европа.“

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Александра Трајковска