1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Збогување со Јован Павле Втори

Папата Јован Павле Втори почина.

Молитва за Јован Павле Втори

Молитва за Јован Павле Втори

Поглаварот на Римокатоличката црква почина во саботата вечерта на возраст од 84 години. Ватикан, согласно на ритуалите на црквата официјално ја утврди смртта на Папата. Здравствената состојба на Пољакот Карол Војтила драматично се влоши во четвртокот изминатат недела. Секретарот на Ватикан, Анџело Содано ја говореше смрттната молитва на плоштадот Свети Паетар во Рим пред десетици илјади верници. Во целиот Рим одѕвонуваа црквените ѕвона. И во текот на ноќта многу верници се молеа во спомен на Папата на плоштадот Свети Петар. Понтификатот на Папта кој траеше речиси 27 години се одликува преку неговите политички изјаснувања против војната, насилството и потиснувањето, како и вложување напори да се воспостави контакт со сите Христијани во светот. Внатре црквено не беа оспорувани неговиот одбивачки став за попречување на зачнувањето, абортус и хомосексуалноста, како и придржувањето кон целибатот за свештените лица. Телото на Папата најрано во понеделник ќе биде положено на одарот. Раководството со католичката црква комесарски го презема кардиналскиот колегиум.