1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Збогување од Ајнтрахт

Александар Васоски е еден од малкумината македонски фудбалери, кои успешно играа во Германија. Седум години го носеше дресот на Ајнтрахт од Франкфурт. Ајнтрахт испадна од Првата Бундеслига, а нему му истече договорот.

Bayern Munich's Roy Makaay from The Netherlands, left, and Frankfurt's Aleksandar Vasoski from Macedonia, right, challenge for the ball during the German first division soccer match between FC Bayern Munich and Eintracht Frankfurt at the soccer Allianz arena in Munich, southern Germany Saturday, Oct. 28, 2006. (AP Photo/Christof Stache) ** NO MOBILE USE UNTIL 2 HOURS AFTER THE MATCH, WEBSITE USERS ARE OBLIGED TO COMPLY WITH DFL-RESTRICTIONS, SEE INSTRUCTIONS FOR DETAILS **

Александар Васоски во акција

„Во моментов се наоѓам во Македонија на одмор, после макотрпната сезона со Ајнтрахт, каде што за жал испаднавме од првата Бундеслига. Моите планови се врзани за странство, сакам кариерата да ја продолжам во странство, моја цел е во некоја од полесните лиги, зошто долго време ме мачат повредите со коленото и затоа сеуште е отворено прашањето каде ќе продолжам“, вели Александар Васоски, кој деновиве е во Македонија на одмор.

Годините минати во Франкфурт се незаборавни, истакнува Васоски, играњето во Ајнтрахт ќе ми остане во најубаво сеќавање. „Многу добри спомени ме врзуваат за Ајнтрахт. Со клубот влегов во првата Бундеслига, играв во финале на Купот на Германија, игравме и во Европската лига и затоа Франкфурт ќе го следам целиот мој живот и после Вардар ќе биде клубот број два за кого ќе навивам“.

Бундес лигата наскоро ќе биде најсилна

Со многу респект, нашиот денешен гостин зборува и за фудбалот што се игра во Германија.

„Бундеслигата ми е една од најгледаните лиги во Европа.

Aleksandar Vasoski from Frankfurt, front, and Angelos Charisteas from Nuremberg, beck, challenge for the ball during the German first division Bundesliga soccer match between Eintracht Frankfurt and 1. FC Nuremberg in Frankfurt, Germany, on Saturday, April 5, 2008. (AP Photo/Daniel Roland) ** EDS PLS NOTE German spelling of Nuremberg is Nuernberg ** ** NO MOBILE USE UNTIL 2 HOURS AFTER THE MATCH, WEBSITE USERS ARE OBLIGED TO COMPLY WITH DFL-RESTRICTIONS, SEE INSTRUCTIONS FOR DETAILS **

Васоски во дуел со Ангелос Харистеас од Нирнберг

Мислам дека Бундеслигата со крупни чекори напредува во однос на другите лиги, бидејки клубовите работат финансиски добро, ниеден клуб не е во финансиска загуба, за разлика од многу клубови во Италија и Англија. Затоа мислам дека на долги патеки германската лига ќе ги престигне англиската и шпанската“.

Васосоки, првата фудбалска афирмација ја направи со екипата на Цементарница. Со уживање неколку сезони го носеше дресот и на Вардар. Желба му е богатата кариера да ја заврши токму во Вардар.„Мојата желба се разбира е да ја завршам кариерата во Вардар, зошто уште како дете го сакам клубот, но ќе видиме“.

Внимателно ги следи случувањата во Вардар. Се надева дека доаѓаат подобри денови за потклекнатиот некогашен шампион.

„Мислам дека беше време еден сериозен спонзор, како што е градот Скопје и останатите спонзори, да го земат Вардар, зошто клубот е бренд број еден во Македонија, клуб за кого навиваат најмногу навивачи. Се надевам дека новите спонзори ќе бидат способни да го вратат Вардар таму каде што заслужува, да ја вратат шампионската титула“.

Mannschaftsfoto des Bundesligisten Eintracht Frankfurt für die Saison 2007/2008, aufgenommen am Montag (16.07.2007) in Frankfurt. Hintere Reihe (l-r): Franco Lionti (Materialwart), Thomas Kühn (Physiotherapeut), Aleksandar Vasoski, Chris, Marco Russ, Alexander Meier, Sotirios Kyrgiakos, Faton Toski, Mounir Chaftar, Michael Fink, Junichi Inamoto. Mittlere Reihe (l-r): Rainer Falkenhain (Leiter der Lizenzspielerabteilung), Dr. Christoph Seeger (Mannschaftsazt), Björn Reindl (Physiotherapeut), Patrick Ochs, Ioannis Amanatidis, Christoph Preuß, Albert Streit, Michael Farbacher (Reha-Trainer), Andreas Menger (Torwarttrainer), Armin Reutershahn (Co-Trainer), Freidhelm Funkel (Chef-Trainer). Vordere Reihe (l-r): Markus Weissenberger, Benjamin Köhler, Kreso Ljubicic, Markus Pröll, Oka Nikolov, Jan Zimmermann, Michael Thurk, Marcel Heller, Christoph Spycher. Foto: Arne Dedert dpa/lhe +++(c) dpa - Report+++

Васоски на групна фотографија со колегите од Ајнтрахт

Репрезентацијата може повеќе

На 33 натпревари Александар Васоски го носеше и дресот на македонската репрезентација. Лани мечот против Камерун му беше проштален. Го мачат последните слаби резултати на репрезентацијата. Тој смета дека Македонија има квалитет за повеќе.

„Не знам што се случува! Јас многу пати сум кажал дека проблемот не е играчите што играат во странство. Треба да се направи база тука, во македонските клубови и од Македонија да се црпат талентите кои ќе играат во репрезентацијата. Кога ќе ја погледнеме Словенија која сето тоа го помина, се пласираше и на Европско и на Светско првенство, зошто не би можеле ние да направиме такво нешто кога според мене не заостануваме многу зад нив“.

Автор: Златко Калински

Редактор: Горан Чутаноски