1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Збогување на рати

Според одлука на ЕУ, од денеска (01.09.2009) сијалиците со јачина поголема од 75 вати се повлекуваат од пазарот. До 2012, треба да бидат повлечени сите обични сијалици. Нив ги заменуваат ламбите кои штедат енергија.

default

Кадешто има светло, има и сенки. Повлекувањето на сијалиците од пазарот, барем во Германија, го „потемнува“ расположението на потрошувачите. Луѓето едноставно навикнале на вообичаената сијалица, во форма на круша и по секоја цена сакаат да ја задржат што е можно повеќе во домовите, па продавниците се преплавени со носталгирачи кои купуваат сијалици во огромни количества.

Сијалици надвор, штедливи ламби повелете!

Од денес, на пазарот веќе нема да ги има сијалиците со јачина поголема од 75 вати, на први септември наредната година ќе престане производството на сијалиците со јачина од 60 вати, а една година подоцна и на оние со јачина од 40 вати. Последни од пазарот ќе бидат повлечени сијалиците со јачина над 10 вати. На нивно место доаѓаат ламбите кои штедат енергија. Експертите пресметале дека со „штедливите“ ламби до 2020 година ќе се заштедат по 40 терават часови годишно или отприлика

Flashgalerie Glühbirne erlischt

Обичната сијалица свети „потопло“, тврдат тие што не сакаат да се откажат од нејзе

колку што изнесува потрошувачката на струја на Белгија за цела година. Освен тоа, „штедливите“ ламби се корисни и за секој потрошувач одделно, вели Клаус Милер од Централата за потрошувачи на германската покраина Северна Рајна Вестфалија. Тој додава дека една „штедлива“ ламба, во споредба со една сијалица од 100 вати, во текот на својот „живот“ носи заштеда од цели 175 евра во потрошувачката на електрична енергија. Но, за заштедата навистина да биде толкава, потрошувачите мора да знаат како адекватно да ги заменат своите сијалици со новите ламби. Притоа, како што покажа тестот на Централата за потрошувачи, не можат да сметаат на помош на продавачите, зашто три четвртини од нив не можат да дадат веродостоен совет.

Glühbirne - Energiesparlampe

Едната поевтина, другата поштедлива

Штедат енергија, но чинат многу повеќе

Но, колку што ламбите кои штедат енергија се исплатливи за потрошувачката на струја, толку самите се поскапи во однос на обичната сијалица. Една штедлива ламба, на пример, чини десетпати повеќе од сијалицата, а освен тоа, како што велат дел од граѓаните, таа не ја дава светлината што тие ја посакуваат. Обичната сијалица, тврдат носталгичарите дава „убава, топла, жолта“ светлина, додека ламбите кои штедат енергија даваат „грдо студено светло“. Веројатно затоа, многумина создаваат залихи на сијалици, па Здружението на трговијата на мало соопшти дека прометот е зголемен и не се исклучува залихите на сијалици од над 75 вати, да бидат продадени по цена дури за 20 до 30 проценти повисока од сегашната.

Автор: ЕМФ/ГЧ/ројтерс/дпа/отс

Редактор: Жана Ацеска