1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Збогување без победа

Во Србија денеска почнува втората фаза од Европското првенство во женски ракомет, без Македонија.

default

Женската ракометна репрезентација на Македонија со три порази во три настапи како последнопласирана го заврши 10. тото Европското првенство кое се одржува во Србија.

Избраничките на селекторот Гино Стрезовски синоќа во салата „Чаир“ во Ниш се поразени од Данска со 37:30. Отпорот на македонските репрезентативки во дуелот со Данките траеше 20-ина минути, период во кој Македонија во неколку наврати имаше и водство од два гола разлика. Данска од 26.та до 29.та минута со серија од 4:0 резултатски се одлепи и на полувреме отиде со резултат 17:13. Данска и второто полувреме го почна ефикасно, а во 41.та минута направи двоцифрена предност (28:18). Македонските ракометарки се обидуваа до крајот да ја намалат високата негатива. На 12 минути до крајот резултатот беше 30:24, но данските ракометарки рутинирано го привршија мечот не дозволувајќи им на противничките резултатски да се доближат.

Најефикасни во нашиот состав беа Јулија Николиќ и Билјана Црвенковска со по 7 постигнати голови, Робертина Мечевска даде 5, а Мирјета Бајрамовска 4 гола. Во претходните две кола од групата Б Македонија убедливо загуби од Франција (16:29) и од Шведска (15:26). Овие две репрезентации вечерва го одиграа првиот дуел од оваа група.

Победија Французинките со 24:17 за прво место во групата. Табела: Франција 4 бодови, Данска 4, Шведска 4, Македонија 0. Во следната фаза од Б групата одат франција, Данска и Шведска.