1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

За што всушност преговарале Палестинците?

Телевизијата Ал Џазира открива доверливи документи околу израелско-палестинските мировни преговори. Од нив произлегува дека Палестинците биле подготвени на големи отстапки. Палестинските власти зборуваат за „врзоп лаги“.

default

Ал Џазира почна со објавување стотици документи

Според документите за мировните преговори со Израел, објавени од телевизијата Ал Џазира и британскиот весник „Гардијан“, Палестинците биле наводно подготвени да направат големи отстапки по две од најтешките прашања во преговорите - статусот на Ерусалим и судбината на палестинските бегалци. Тие се согласиле наводно Израел да задржи делови од Источен Ерусалим. Палестинската автономна власт категорично ги отфрли тврдењата на телевизијата Ал Џазира.

Размена на територии

Водечки членови на палестинските автономни власти документите ги нарекоа „врзоп лаги“ и „полувистини“. Се вели дека делови од документите се манипулирани.

Karte Israel Gaza und Westjordanland

Израел, Појасот Газа и Западниот брег

Објавувањето е со цел да го насочи палестинското население против автономните власти, изјави главниот палестински преговарач Саеб Ерекат. Ерекат во изјава за „Ал Џазира“ се спротивстави на обвинувањето дека биле ставени на коцка националните палестински интереси и укажа на компромисниот предлог за размена на територијата - еврејски доселенички населби за територија во Израел:

„За размена на територии беше разговарано во Кемп Дејвид, во времето на претседателот Јасер Арафат. Олмерт презентираше карта, според која на 6,5% од окупираните територии се изградени населби. Во замена, ние требаше да добиеме 5,8% од земјата во рамки на израелските граници, плус 0,7% што требаше да ги добиеме во облик на безбеден пат меѓу Појасот Газа и Западниот брег.“

Хамас гледа потврда на своите критики за Фатах?

Ерекат демантира дека во 2008 година, за време на тогашната влада на Олмерт, имал намера на Израел да му ги препушти речиси сите еврејски населби во

Saeb Erekat

Саеб Ерекат

анектираниот, источен дел на Ерусалим. Од досега публикуваните документи произлегува и дека автономните власти сакале да го признаат Израел како држава на еврејскиот народ. Документите ги ставија под голем внатрешно-политички притисок автономните палестински власти, во кои доминира движењето Фатах. Ова дотолку повеќе што Хамас, кој владее во Појасот Газа, може да гледа потврда за своите постојани критики на начинот на водење на преговорите од страна на Махмуд Абас.

Осама Хамдан од раководството на Хамас во Либан, за англиската програма на Ал Џазира, изјави: „Овие водачи на преговорите не преговарале за палестински права, туку за она што Израел можеби би го прифатил, што Американците евентуално би го поддржале, а не за она што го очекуваат Палестинците. Мислам дека е тоа клучно и тоа е она поради што сметам дека тие го предале својот народ.“

Либерман: Патот е долгорочно меѓурешение

Објавените документи кои наводно потекнуваат од палестинскиот преговарачки тим, го отсликуваат

Avigdor Lieberman

Авигдор Либерман

зголемениот очај на автономните власти поради изостанувањето на резултат од преговорите со Израел. Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман за израелското радио го оцени објавувањето на документите како доказ дека не е можен договор за мир со Палестинците: „Мислам дека документите се доказ за тоа дека ако и на владата на Олмерт и Ципи Ливни не им успева да дојдат до согласност со Палестинците, тогаш тоа значи дека на крајот сите ќе дојдат до заклучок оти единствен пат е долгорочно меѓурешение.“

Автор: Клеменс Ференкоте/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска