1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

За француските граѓани референдумот беше вентил за незадоволството од владата

default

Причините за одбивањето на европскиот устав немаат многу врска со самиот устав. За многумина Французи референдумот беше можност за пресметка со владата во фонот на влошената економска ситуација и растечките бројки за невработеноста. Како реагират граѓаните на Франција на исходот на референдумот?

„Сето беше многу лошо направено. Не се знае за што всушност станува збор. Уставниот договор е тука само за повторно истите да си ги полнат џебовите, а ние обичните луѓе мораме да видиме како ќе излеземе на крај“ – вели еден бармен од Париз.

Не е прв пат француското население да искористи референдум – независно за кое прашање - како вентил за своето незадоволство:

„Ова е типично француски – принципиелно да се биде против нешто, а не да се одговори на поставеното прашање. Овде се случи француската револуција – ние милуваме да отсечеме глави. Овој пат станува збор за отсекување на главите на сеништето на масовната невработеност, на општото незадоволство“ – оцени еден Парижанин.