1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

За ФИФА милијарди, за Јужноафриканците трошки

Светската фудбалска федерација е најголем профитер од СП во Јужноафриканската Република. Трошоците на организација ги сноси домаќинот, а заработувачката не е доволна да се надомести минусот. Населението е незадововолно.

default

Имаше времиња кога Сеп Блатер на скалата на омиленост во Јужноафриканската Република се наоѓаше веднаш зад Нелсон Мендела. Шефот на ФИФА, имено, го донесе фудбалскиот мундијал за првпат на африканско тло. Во меѓувреме, за Јужноафриканците Блатер и компанија се симпатични колку и нигериските картели за дрога во Јоханесбург, зашто во меѓувреме луѓето сфатија дека даночните обврзиници, а не ФИФА плаќаат за СП.

„ФИФА има најголема полза, овојпат заработи повеќе од кога и да е. На прашањето кој заработува, нашиот одговор гласи: ФИФА и градежните фирми“, вели Еди Котл, синдикален лобист во Јужноафриканската Република.

Sepp Blatter

Претседателот на ФИФА Сеп Блатер

Околу 400 илјади гости во Јужноафриканската Република ќе остават 1, 5 милијарди евра, додека само трошоците за инфраструктурата за СП изнесуваат 1,7 милијарди. На крајот јужноафриканските даночни обврзници ќе платат 3,3 милијарди евра или точно онолку колку што ќе изнесува нето добивката на ФИФА по ноќта на 11 јули, кога ќе заврши за неа најпрофитабилното СП досега.

Штитење на спонзорите

Нкосинати Џигега од невладината организација „Улични продавачи, можеше само да гледа како ФИФА ги растера традиционалните улични продавачи од паркингот кај стадионот во Порт Елизабет, за да ги заштити интересите на спонзорите - „Мекдоналдс“ и „Кока Кола“.

„Слоганот ’Африканско светско првенство’ е само рекламен трик. Реалноста е дека европските, американските фирми и ФИФА заработуваат на сметка на јужноафриканското општество. Се’ што гледате на телевизија го обезбеди јужноафриканската влада“, вели Џигега.

Многу Јужноафриканци ги обвинуваат ФИФА и нејзиниот претседател Сеп Блатер и за прескапите хотели и авионски билети на домашните линии, за кои стравуваат дека ќе ги растераат туристите.

„Сите ресури се обезбедени со пари од буџетот, значи со пари на даночните обврзници. За возврат, јавноста има само трошоци“, вели Еди Котл.

Пара на пара оди

Но, има и Јужноафриканци кои имаат полза од мундијалот:

„За мене лично првенството се исплатеше. Сега имам

Verseidag Stadion WM 2010 Südafrika

Прекрасните стадиони на трошок на даночните обврзници

работа која порано ја немав. Првенството отвори многу можности и пред се’ донесе работни места“, вели Кенет, келнер во бар во градот Совето.

Меѓутоа Иносент, син на сопственикот на баротт го кажува она што го мислат повеќето Јужноафриканци:

„ФИФА најмногу добива. Во секој случај повеќе од нас Јужноафриканците. Пара на пара оди.“

Сеп Блатер се надева дека по мундијалот ќе биде предложен за Нобеловата награда за мир. Ако се прашуваат, меѓутоа, повеќето Јужноафриканци, тој и неговата ФИФА попрво би завршиле пред Меѓународниот кривичен суд.

Автор: Лудгер Шадомски / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска