За три недели ќе започне демонтирањето на реакторот Јонгбјон | Вести | DW | 19.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

За три недели ќе започне демонтирањето на реакторот Јонгбјон

*

По пробивот направен во спорот околу атомската програма на Северна Кореја ,наскоро би требало да биде е демонтиран проблематичниот реактор Јонгбјон. Работата би можела да започне за околу три неделу – соопшти портпарол на американското министерство за надворешни работи . За ваков временски план се согласиле претставници од двете земји . Инаку Северна Кореја на почетокот од месецов во рамките на т.н шестпартитни преговори изрази подготвеност да го отстрани спорниот реактор. За возврат комунистичката земја треба да добие сопватна економска и енергетска помош.